11.8 C
Скопје
10:34 - 18 октомври, 2026

СО ОМИКРОН СИМПТОМИТЕ СЕ ВИДЛИВИ ЗА САМО ТРИ ДЕНА: Колку трае инкубацијата, а колку закрепнувањето, кои се симптомите

Веќе е познато – Омикрон е позаразна варијанта на ковид, со побрза инкубација, но со помалку сериозни симптоми од Делта. Но, што велат новите студии за оваа нова мутација на коронавирусот кои пристигнуваат од земјите ширум светот?

ИНКУБАЦИЈА: КОЛКУ ТРАЕ

Може да бидат потребни само 3 дена за луѓето да покажат знаци на инфекција, да станат заразни и да бидат позитивни на тестот.

Случајот Х, невакциниран 48 годишен маж кој се враќал од конференција од Нигерија, првите симптоми на зараза со вирусот ги покажал само околу 72 часа по првата изложеност на вирусот.

Имајќи предвид дека просечниот период на инкубација на матичниот коронавирус е опишан како еднаков или поголем од 5 дена и е поблиску до 4 дена за варијантата Делта, времето за заразување со варијантата Омикрон е забрзано во споредба со другите мутации.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ

Податоците кои пристигнуваат од истражувањата во различни земји ширум светот наведуваат дека најчести симптоми (пријавени и архивирани) се течење на носот, главоболка, замор со болки во мускулите, кивање и болки во грлото. Пријавени се и случаи на гадење и дијареа. Во споредба со „традиционалната“ верзија на коронавирусот, поврзана особено со варијантата Делта, има поретки извештаи за губење мирис и вкус.

Поблагите симптоми пак, веројатно ќе се помешаат со синдромите на настинка, па затоа доаѓа до збунетост особено во зимските месеци и многу често кај децата.

Закрепнувањето од обичните настинки се случува во рок од 10 дена. Меѓутоа, имуносупримираните луѓе или луѓето со астма и респираторни заболувања, ризикуваат да развијат посериозни болести, како што е пневмонија.

Кај инфицираните со Омикрон пак, пациентите можат да заздрават во просек за пет до седум дена, иако некои од симптомите како кашлица и замор може да траат подолго. Во ретки потешки случаи, забележано е и отежнато дишење, кое било забележано дека трае до 13 дена по прележувањето на болеста.

ДАЛИ ФУНКЦИОНИРААТ И КАКО БРЗИТЕ ТЕСТОВИ НА ОМИКРОН: Еве зошто не се воопшто сигурни!

Д-р Анџелик Коетзи, претседател на Здружението на лекари во Јужна Африка, анализирајќи ја прогресијата на епидемијата во нејзината земја, ја потврди оваа хипотеза за Дејли Меил:

„Симптомите што се јавуваат кај луѓето погодени од Омикрон се поблаги од оние што ги гледаме при зараза со Делта варијантата, која е многу поопасна “, рече таа. „Пациентите генерално имаат болки во мускулите, главоболки и извесен замор, а нивните симптоми не се влошуваат, напротив, по околу пет дена се решаваат“, додаде таа.

 

 

Слични објави

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.
Се вчитува....