8.8 C
Скопје
12:03 - 1 април, 2026

Што ви порачуваат БОЛКИТЕ што ги чувствувате во ТЕЛОТО?

Нашето физичко здравје е тесно поврзано со нашето ментално здравје и обратно. Секојдневните грижи и стресот често се манифестираат низ различни физички болки и проблеми. Кога лекарите не можат да најдат физичка причина за болката која хронично нѐ измачува, можете да бидете сигурни дека таа е последица на емотивната состојба.

Што ви порачуваат болките што ги чувствувате во телото?

Болка во главата. Иницијална каписла за болка во главата, слична на главоболка, може да биде секојдневниот стрес. Ако почувствувате ваква болка, најдете време за одмор и обидете се да го намалите стресот.

Болка во вратот. Ако чувствувате болка во вратот, тоа може да значи дека имате проблем со простувањето на другите, но и себеси. Размислувајте за работи што ги сакате кај другите луѓе.

Болка во рамениците. Ваквата болка укажува на тоа дека носите тешко емотивно бреме. Концентрирајте се на проактивно решавање на проблемот и дозволете им на другите да ви помогнат.

Болка во горниот дел на грбот. Оваа болка значи дека немате доволно емотивна поддршка. Можеби се чувствувате несакано и непожелно. Во случај да сте сами, можеби е време да пронајдете партнер.

Болка во долниот дел на грбот. Оваа болка може да значи дека премногу се грижите за пари. Можеби е време да побарате совет околу планирањето на финансиите.

Болка во лактите. Болката во лактот укажува на вашиот отпор кон промени во животот. Вкочанети раце значат и вкочанет живот. Време е малку да ги размрдате работите.

Болка во колковите. Оваа болка значи дека премногу се плашите од промени. Болните колкови значат дека се колебате да се придвижите напред и дека сте премногу внимателни кога нешто решавате.

Болка во колената. Може да биде показател на премногу надмено и високо мислење за себе. Обидете се да бидете поскромни и извесно време поминете во волонтирање.

Болка во дланките. Покажува дека можеби не допирате до другите луѓе на начинот на којшто сакате. Размислете за стекнување нови пријатели, ручек со колега и создавање нови врски.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....