19.8 C
Скопје
05:01 - 13 август, 2026

Прогнозата на Бил Гејтс за коронавирусот: Кога ќе се вратиме во нормала!

Instagram

Со месеци луѓето се прашуваат само за една работа – кога ќе се врати животот во нормала и кога ќе заврши оваа агонија. Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс има своја проценка.

Со вакцините и терапевтските третмани кои ги гледаме како спас од коронавирусот, Гејтс вели дека САД и остатокот од светот би можеле да се вратат во нормала до пролетта 2021 година.

Следните четири или пет месеци навистина изгледаат прилично мрачни, освен ако навистина не можеме да внимаваме на нашето однесување – рече тој за NBC Today.

Најефективната работа што луѓето можат да ја направат во овој период е да го намалат понатамошното ширење на вирусот и да ја ублажат пандемијата преку следење на препораките за заштита – вели Гејтс.

На пример, да се дружите со помалку со луѓе и да носите маска на места каде би биле изложени на ризик, советува Гејтс.

Напредокот во терапиите, како што е третманот со моноклонални антитела (кои делуваат имитирајќи ја способноста на имунитетот да се бори против вирусот) и резултатите од „големите вакцини“ исто така ќе помогнат – вели Гејтс.

До пролет, тие бројки ќе бидат доволно големи што, сигурно во САД, сè ќе почне да се менува драматично и ќе се вратиме во нормала – надежен е тој.

Вакцините се близу до одобрување. Производителите „Pfizer“ и „Moderna“ аплицираа за одобрување за итна употреба на вакцини во неколку земји.

Генерал – потполковник Пол Островски, кој е директор за производство и дистрибуција на снабдување со вакцини во САД, рече дека секој што сака да се вакцинира може да го стори тоа до јуни.

Гејтс рече дека временскиот рок „може да се постигне“ со испраќање на вистинските пораки до јавноста. Епидемиологот Ентони Фаучи вели дека од 75% до 85% од Американците треба да се вакцинираат за да се постигне имунитет на стадо.

Тој исто така додаде дека искрено се надева дека луѓето кои се двоумат дали да се вакцинираат ќе бидат охрабрени да го сторат тоа и дека само така ќе може да се заштитат од овој вирус.

Слични објави

Јована Јеремиќ ужива со Тигар на плажа, па со една порака чепна во минатото: „Нема право да знае…“

Еспресо

Од латино заводник до гласен навивач – Александар Тарабунов со својата трансформација ја освои публиката во Охрид

Еспресо

Теа Таировиќ ја препеа „Голубе“, па колешките жестоко удрија по неа: „Биди чесна!“

Еспресо

„Снежана конечно ги најде џуџињата“ – водителката Велков се пронајде во приказната за полскиот Вроцлав

Еспресо

Слоба Радановиќ повторно покажа големо срце: Донираше 2.000 евра за семејства од Газивода кои останаа без домови

Еспресо

Бојана Скендеровски: Привилегија е да се пее песна од големата Сашка Петковска

Еспресо
Се вчитува....