12:15 - 5 декември, 2025

ПЕТ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА МЕНСТРУАЦИЈАТА: Да ја отфрлиме мистеријата

Како жени, менструацијата е нешто со кое се занимаваме секој месец. Како и да е ние сè уште се кикотиме/се згрчуваме/бегаме од идејата отворено да зборуваме за неа. И често, не можеме ниту да ја наречеме со вистинско име и сè уште има многу што не знаеме за менструацијата.

Да ја отфрлиме мистеријата околу нашиот циклус со овие малку познати факти:

1. Биолошки гледано, на мажите им сте помалку привлечни за време на менструацијата

Нивото на тестостерон кај мажите е под влијание на мирисот на жената, особено кога има овулација (односно кога е на врвот на плодноста), тестираа научниците Саул Милер и Јон Манер од државниот универзитет во Флорида.

Тие побарале од машки волонтери да мирисаат маици што биле носени од жени во различни фази од менструалниот циклус. Истражувањето, објавено во списанието „Psychological Science“, покажа дека кога мажите мирисале маици што ги носеле жени кои имале овулација, нивото на тестостерон им се зголемило значително во споредба со маиците од жени кои немаат овулација.

менструација

2. Циклусот ве прави понекомотни од вообичаеното

Прогестеронот – хормонот за кој научниците веруваат дека го намалува либидото – е на најниско ниво во текот на месецот. Така, иако вашиот прв инстинкт може да биде да влезете во стари тренерки, науката всушност сугерира дека чувството на желба да се „влезе во нешто поудобно“ воопшто не е чудна.

3. Менструацијата ве претвора во „шопохоличарки“

Жените имаат поголема веројатност да се впуштат во шопинг 10 дена пред да започнат менструација. Професорот Пајн од Универзитетот во Хертфордшир анкетираше скоро 500 жени за нивните навики за трошење во корелација со нивните менструални циклуси.

Речиси две третини од испитаните жени, кои биле во подоцнежните фази од менструалниот циклус, признале дека купиле нешто од импулс.

4. Вашата менструација влијае на начинот на кој звучи вашиот глас

Во истражување објавено во списанието „Ethology“, психолозите побараа од три групи момци да ги слушаат гласовните снимки на жени кои броеле од еден до пет – во четири различни периоди во текот на нивниот менструален циклус. Потоа, од мажите било побарано да погодат кои снимки биле направени додека жените имале менструација.

По испитувањето на нивните одговори, истражувачите Натан Пипитоне од „Адамс Стејт Колеџ“ и Гордон Галуп од „САНИ-Албани“, открија дека мажите биле точни поголем дел од времето.„Клетките од гркланот и вагината се многу слични и покажуваат слични хормонски рецептори“, рече Пипитоне.

5. Луѓето во средниот век верувале дека менструацијата предизвикува црвена коса

Да, луѓето навистина го прифаќале ова како вистина. Се сметало дека црвенокосите бебиња се раѓаат ако жената имала менструација во времето на зачнувањето.

меструација

извор: „yourtango“

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....