18.8 C
Скопје
15:58 - 13 март, 2026

ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ОМИКРОН Е ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД ПАНДЕМИЈАТА: Фаучи не е толку сигурен дека се ближи крај на пандемијата

Unsplash

Прерано е да се знае дали варијантата на омикрон ќе биде последната фаза од пандемијата Ковид-19, рече во понеделникот д-р Ентони Фаучи, раководител на Националниот институт за алергија и заразни болести во Америка, пренесува „USAToday“.

„Отворено прашање е дали омикрон ќе го создаде имунитетот на кој сите се надеваат“, рече Фаучи, правејќи наводници со прстите на „создаде имунитетот“.

Постојат два начина да заврши пандемијата: заразната болест да се искорени или да стане ендемична, што значи дека сè уште постои без да го нарушува општеството – на пример сипаници.

ПОДМОЛЕН ТРИК СО КОЈ ОМИКРОН СЕ ШИРИ: Како прикриен воин, новиот коронавирус останува скриен во клеточните ѕидови и еве како се шири

„Ако ја погледнете историјата на заразни болести, ние сме искорениле само една заразна болест кај човекот, а тоа е сипаници“, рече Фаучи на Светскиот економски форум. „Тоа нема да се случи со овој вирус“.

Тоа значи дека Ковид-19 мора да еволуира во помалку опасна болест за пандемијата официјално да заврши.

И иако многу заразната варијанта на омикрон се шири како шумски пожар, некои укажуваат на неговата ниска стапка на смртност како знак дека вирусот може да станува помалку тежок.

Можно е омикрон да сигнализира дека пандемијата завршува, „но тоа би било случај само ако не добиеме друга варијанта што го избегнува имунолошкиот одговор“, рече Фаучи.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....