16:47 - 5 декември, 2025

Ноќе често одите во тоалет? Проверете дали има место за паника

Колку често се будите ноќе и одите до тоалет? Ако тоа постојано ви се случува, а понекогаш и повеќепати во текот на ноќта, тоа е проблем – не само што ви се нарушува сонот и биоритамот, туку постојаното ноќно мокрење (ноктурија) може да биде штетно и за нашите внатрешни органи.

До претерано ноќно мокрење може да дојде поради големо консумирање течности, но и поради здравствени проблеми.

Истражувањата на европското кардиолошко друштво тврдат дека зачестеното мокрење во текот на ноќта би можело да биде индикатор на високиот крвен притисок. На врската меѓу хипертензијата и ноктуријата можат да влијаат бројни фактори како што е начинот на живот, внесувањето на сол и генетиката.

Освен повишен крвен притисок, како причина за ноќното мокрење можат да бидат и следниве фактори:

– Внесување голема количина вода пред спиење.

– Пиење кафе и алкохол пред одење во кревет.

– Недостаток на хормони – со стареењето доаѓа до природна загуба на антидиуретскиот хормон, кој помага на бубрезите да го контролираат нивото на течност. Колку помалку хормони произведува телото, толку е почеста потребата од мокрење.

– Инфекција – освен зачестеното мокрење, може да осетите и пецкање, болки и слабо крварење. Доколку ги имате овие симптоми, задолжително посетете лекар.

– Дијабетес – кај заболените од дијабетес телото може да го зголеми производството на урина за да го отстрани вишокот на шеќер во крвта. Иако мокрењето е почесто дење, може да ве разбуди и во текот на ноќта.

– Полова болест – некои полово преносливи болести како што се гонореја и хламидија, можат да предизвикаат често мокрење.

– Зголемување на јајниците или матката – многу заболувања можат да предизвикаат зголемување на матката и на јајниците како што се полипите, цистите, ракот. Проширувањето на органите создава притисок на бешиката и поради тоа често чувствувате потреба да одите во тоалет.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Џеј-џеј стент – современо безболно решение за блокиран бубрег

Комецијален текст

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Како да се заштитиме од респираторни вирусни инфекции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај деца – што да се прави?

apostolova

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Рак на тестиси

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Не чекај знак, прегледај се навреме!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Физиотерапија за пациенти со ортопедски или невромускулни оштетувања

Еспресо
Се вчитува....