16:26 - 8 ноември, 2026

НЕ МОРА ДА ГО КУПУВАТЕ ОД АПТЕКА: Список на храна богата со витамин Д

Веќе е познато дека големи дози на витамин Д помагаат во превенција, но и борба против коронавирусот.

Но, каде се наоѓа витаминот Д? Оваа супстанца, толку драгоцена за здравјето на коските и имунитетот, ја наоѓаме во рибата, печурки и јајца.. Но, да го погледнеме подетално списокот на производи кои содржат умерено количество на овој сончев витамин и кои треба правилно да се интегрираат во нашата дневна исхрана:

Печурки
Богати се со витамин Д, а меѓу најбогатите од нив се шампињоните и маитаке.

Риба
Но, какви видови? Зелено светло за пушениот лосос, туна во масло, сабјарка, скуша, харинга, сардини, јагула и калибар; воопшто, изберете ги сите риби од северните мориња, кои исто така се богати со омега-3 масти, неопходни за правилно функционирање на нервниот систем и кардиоваскуларниот систем.

Остриги, шкампи, лигњи и ракчиња

Било кои од мекотелите да ги одберете нема да згрешите кога е во прашање витамин Д.

Месо од црн дроб
Видови говедско месо, исто така богати со железо, цинк, фолна киселина и витамин А.

Козјо млеко и јогурт
Ако сте во потрага по витамин Д, заменете го кравјото млеко со козјо млеко, кисело млеко, јогурт. Во овој случај, можете исто така да ги изберете “збогатените” верзии, односно со додадени витамини.

Масни сирења
Оние произведени со полномасно млеко се сметаат за масни; меѓу нив ги вклучуваме: Бри, Камеберт и Горгонзола.

Јајца
Особено жолчката од јајце, која е исто така богата со каротеноиди, витамини А, Е и витамини од групата Б, вклучително и Б12.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....