-1.2 C
Скопје
19:14 - 22 декември, 2024

Намирници кои содржат многу повеќе шеќер отколку што мислите

шеќер

Многу луѓе, кои сакаат да го контролираат нивото на шеќер во крвта и телесната тежина, се буквално изненадени кога ќе сфатат дека некој додаток за салата содржи големи количини шеќер.

Готовата храна и некои намирници често се полни со адитиви и шеќери, на кои не обрнуваме внимание, додека не се појават некои здравствени проблеми.

Додадените шеќери предизвикуваат брзо покачување на шеќерот во крвта и низа метаболички штетни реакции. Неконтролираниот внес на дополнителен шеќер може да предизвика замастување на црниот дроб, отпорност на инсулин, дијабетес тип 2 и системски воспаленија. Тие често се поврзуваат со прекумерна тежина и дебелина, предупредуваат експертите.

житарки

3 од 4 луѓе внесуваат повеќе шеќер отколку што им е потребно

Препорачаниот дневен внес на шеќер е до 25 грама или 6 лажички. Некои истражувања наведуваат дека 3 од 4 луѓе внесуваат поголеми количини шеќер. Сепак, како што обично се мисли, сладоледот, колачите или чоколадото не се единствените извори на шеќер. Преработената храна, која често има солен или кисел вкус, сочинува 90% од изворот на сите додадени шеќери.

Јогурт со вкусови

Јогуртот е добра храна, но овошните јогурти се полни со шеќер. Прочитајте го составот. Ако шеќерот е наведен како еден од првите три адитиви, вратете го јогуртот на полица. За луѓе со проблеми со шеќерот, но и за сите кои сакаат да се хранат здраво, обичниот јогурт е многу подобар избор во кој мможете да додадете цимет, свежо овошје, пире од бобинки, несолени јатки и семиња се одлични адитиви кои обезбедуваат арома без додаден шеќер, советуваат експертите.

јогурт

Готови супи

Супите од кесичка се препорачуваат како помошно средство кај луѓето со низок крвен притисок или кога некој има стомачен вирус. Полни се со сол, но и шеќер. Највисокото ниво на шеќер може да се најде во супите од домати, а некои кондензирани содржат и до 15 грама шеќер во една порција. На пример, производителите додаваат шеќер во сите производи базирани на домати за да ја намалат киселоста и да го балансираат вкусот.

Прелив за салата

Салатата е здрав оброк што се препорачува на секого, но сепак, некои додатоци може да ја нарушат хранливата вредност на овој здрав оброк. Преливите за салата содржат голема количина маснотии, и до 6 грама шеќер по оброк. Според некои истражувања, лесните верзии без маснотии имаат најмногу додадени шеќери. Експертите велат дека многу производители ги отстрануваат маснотиите од производот и често додаваат повеќе шеќер за да ја заменат аромата. Советот е преливите да се заменат со хумус, сок од лимон, пире од бобинки, обичен јогурт.

сос домати

Сос од домати

Сосовите од домати честопати се брз начин за подобрување на вкусот на храната, но можат да бидат подмолни извори на шеќер, кои често, се додаваат за да го намалат киселиот вкус на доматите и да ја одржат свежината. Природните шеќери не се проблем, но сирупот од пченка и другите дополнителни шеќери се. Обидете се да направите готов сос од домати, додадете зачини по желба, без шеќер.

Овошни сокови

Се повеќе се нудат сокови без дополнителни шеќери, но голем дел од овошните пијалaци се полни со шеќер. Повеќето експерти советуваат да се избегнуваат сокови колку што е можно повеќе и препорачуваат свежо овошје како многу подобар избор на витамини.

житарки

Закуски базирани на житни култури

Житарките и природните слатки базирани на мед, кои се рекламираат како здрави ужинки, честопати се полни со шеќер. Некои брендови содржат до 11 гр шеќер по пакување, а често белото брашно е на листата на состојки. Избегнувајте ги производи во кои шеќерот е наведен како една од првите три состојки.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....