19.8 C
Скопје
13:13 - 24 април, 2024

Колку долго може да бидете со заразено лице во иста соба, а вие да не се заразите?

Математичарите од МИТ одлучиле да се позанимаваат со комплексниот проблем на ширењето на вирусот, па смислиле математички модел, кој ја симулира динамичноста на флуидот, односно вирусот во капките во некој простор.

Колку брзо ќе се случи пренесување на коронавирусот од заразено лице на здраво, зависи првенствено од тоа дали се почитуваат превентивните мерки, но и од бројни други фактори, од тоа колку долго тоа лице било изложено на вирусот, во какви услови, што правеле и слично.

Математичарите од МИТ одлучиле да се позанимаваат со комплексниот проблем на ширењето на вирусот, па смислиле математички модел кој ја симулира динамичноста на флуидот, односно вирусот во капките во некој простор. Прашањето било едноставно – колку долго можете да бидете во иста просторија со заразено лице, а да не се заразите? Одговорите, меѓутоа, биле разновидни и се движеле во распон од неколку минути до една недела.

Ресторан во Буенос Аирес, 6 декември 2020/Profimedia

Бидејќи самата математичка формула е исклучително комплексна, математичарите одлучиле да направат интернет-страница, која е едноставна за користење, а може да им помогне на обичните луѓе да пресметаат какви им се шансите за зараза.

Корисниците можат да изберат многу специфични услови како големина на соба, носење на маски, кој вид е маската, кое е нивото на влага, колку лица има во собата и каква е вентилацијата. На страницата „Covid-19 Indoor Safety Guideline“ е потребно да се пополни прашалник, а алатката пружа увид во тоа колку е која ситуација опасна, од седење во дневната соба со пријателите и посета на црква, до купување во продавница и одење на концерт.

Една од најризичните ситуации е седење во ресторан, каде што можете да се заразите за само десетина минути, додека со едно заразено лице можете да престојувате во иста соба и до една недела, а да не се заразите, под услов двајцата да носите маски и да ја проветрувате просторијата.

Вечера без маски

Вечера за десет лица во стандардна соба во која никој не носи маски е безбедна само 18 минути. Џон Буш, еден од основачите на веб-страницата и професор по применета математика на МИТ, рекол дека, иако основните здравствени правила биле корисни, претпоставката дека во сите ситуации била 100 отсто делотворна, била „опасна“ и „поедноставена“.

Ресторан во Пекинг, 11 декември 2020//Profimedia

Отворање на прозорците

Менувањето на некои детали во одредени сценарија го менува и времето потребно за зараза. На пример, ако лицата не вечераат, туку носат маски, количината на безбедното време се зголемува за две минути. Ако покрај тоа се отвори прозорец и се засили вентилацијата, безбедни се уште шест минути.

Но, ако сметаме на тоа дека луѓето понекогаш ја повлекуваат маската или не носат соодветна маска, вечерата може да биде безбедна само 32 минути.

Единствениот проблем на оваа алатка е што претпоставува дека само едно лице е заразено меѓу присутните.

Тераса на ресторан во Лондон, 2 декември 2020/Profimedia

Слични објави

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо
Се вчитува....