0.8 C
Скопје
04:37 - 27 октомври, 2026

КЛИНИЧКИ ПСИХОЛОГ СОВЕТУВА: Како да се ослободите од стресот за само неколку минути

девојка зен

Клиничкиот психолог Габи Гудиер од Австралија се колне во едноставна техника на дишење која за само неколку минути ќе ви ја ослободи вознемиреноста и ќе ви го смири умот. Имено оваа вежба, која ја нарекува „дишење на сламка“, ѝ станала секојдневна рутина која вклучува вдишување преку нос, а потоа издишување преку сламка, пренесува „Индекс“.

„Клучниот дел во оваа техника е тоа што вашето издишување е подолго од вдишувањето, а така всушност го активирате делот од вашиот мозок што ќе го смири вашиот нервен систем, помагајќи да му да го најде многу потребното „копче“ за смирување“, вели таа.

Основачот на „Sage Society“, онлајн движење специјализирано за здравје и среќа, вели дека методот на дишење ѝ помага да ги преброди тешките времиња.

„Понекогаш имам денови кога се чини дека моите емоционални „копчиња“ се притиснати малку повеќе од вообичаеното, кога опсегот на толеранција ми се намалува, а способноста да се смирам изгледа покревка“, раскажува таа.

За почеток, таа предлага да се практикуваат техники на дишење на отворено.

„Работата е во тоа што ако го користите овој метод во моменти кога ви е најтешко, а никогаш порано не сте се обиделе, би можеле да потфрлите. Значи, би било добро да започнете да вежбате во моменти кога сте мирни“.

За почеток, едноставно седнете директно и вдишете нормално и природно преку носот. Потребно е целосно да издишете преку устата со „стиснати усни како да дишите низ сламка“ или едноставно да користите сламка за пиење.

Повторете пет пати по ред, а идеално е да го правите тоа двапати дневно.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....