Кога имате проблеми со високиот холестерол во крвта, обидувајте се да избегнувајте да мешате протеини со јаглени хидрати и никогаш не јадете пржена храна.
Се поголем број луѓе страдаат од покачен холестерол во крвта, кој се јавува како последица на стрес, консумирање на високо калорична храна, како и поради пиење на малку вода. Иако за решавање на ваквата здравствена состојба постојат голем број на лекови кои доколку посетите лекар ќе ви бидат посочени како начин за решавање на вашата моментална здравствена состојба, сепак, никогаш не е на одмет да се обидете сопствените здравствени проблеми да си ги решите со одредени природни намирници кои се покажале како исклучително делотворни.
Измешајте мед со сок од морков, лимон и рен
Кај високото ниво на холестерол во крвта, препорачливо е да се обидете ваквата ваша здравствена состојба да си ја решите со подготовка на еден стар народен лек, кој според искуствата на оние кои го консумирале, умее за многу кратко време да ја врати вашата крв „во нормала“.
За да го подготвите овој лек, потребно е да измешате две лажички мед со 150 милилитри исцеден сок од морков, заедно со исцеден сок од три лимона и 150 милилитри сок од рен.
Сите овие состојки потребно е убаво да ги измешате и од добиената течност да консумирате по три супени лажици, еден час после секој оброк, односно три пати на ден. Добиената течност, секогаш чувајте ја во фрижидер за на тој начин да спречите истата да се расипе или пак да ги изгуби хранливите и лековитите вредности кои ги поседува.
Постапката за нејзино консумирање, практикувајте ја најмалку три месеци. Откако ќе помине овој временски период, посетете лекар и направете си нова контрола на крвта. Верувајте дека ќе се изненадите од добиените резултати.
Подгответе напиток од морков и цвекло
Во обид да го намалите високиот холестерол во крвта, секое утро пијте и исцеден сок од моркови и сок од цвекло. Измешајте ги овие состојки и тоа во сооднос 4:1. Верувале или не, овој сок е неверојатно моќен и делотворен напиток кога станува збор за чистење на вашите црева и крвни садови.
Никогаш не јадете пржена храна
Кога имате проблеми со високиот холестерол во крвта, обидувајте се да избегнувате да мешате протеини со јаглени хидрати и никогаш не јадете пржена храна. Покрај тоа, внимавајте и на количеството на внесен шеќер како и сол во вашата исхрана, бидејќи доколку овие две намирници ги внесувате во поголеми количества, истите можат дополнително да ја влошат вашата здравствена состојба.
Меѓу намирниците кои треба да ги избегнувате доколку сакате да го намалите холестеролот во крвта, се и тестенините како што се шпагетите, макароните, пиците, пастрмајлиите, како и лебот.
Наместо тоа, за време на ручекот секогаш јадете ја храната без леб, а доколку сте од оние кои не можат да замислат појадок, ручек или вечера без да јадат леб, во тој случај секогаш јадете интегрален леб кој е полн со семиња, ржан леб или пак обичен леб но кој претходно сте го тостирале.
Висок ризик по целокупното здравје
Високото ниво на холестерол во крвта меѓу другото, предизвикува и атеросклероза, оштетување на артериите, мозочен или срцев удар како и болки во градите, болки во нозете кои се идентични како болките кои ги чувствувате после напорно вежбање, а може да се појават и жолти флеки во очите.
Неправилна исхрана
Според лекарите, и покрај тоа што има неколку причини поради кои еден човек може да има висок холестерол, сепак како главна причина за тоа ја наведуваат лошата, висококалорична и неурамнотежена исхрана. Како намирници кои доколку редовно и во големи количини ги консумирате и кои можат да бидат причина за појава на овој ваш здравствен проблем се наведуваат, кашкавалот, сланината, производите од тесто, павлаката, црвеното месо, саламите и месните преработки…
Намалена физичка активност
Намалената физичка активност како и честото седење, исто така се причинители за појава на високо ниво на холестерол во крвта. Како фактор плус се посочува и постојаното седење, лежење како и зголемената телесна тежина но и зголеменото консумирање на алкохол.
Според лекарите, постојаното консумирање на алкохол (секој ден по неколку милилитри) може да предизвика значително поголема штета кај оние кои го прават тоа, отколку кај луѓето кои ретко пијат алкохол но во големи количини.
Секој ден јадете портокал
Со оглед на фактот што во составот на портокалите е сконцентрирано големо количество на пектин кој има моќ да го елиминира присуството на високиот холестерол во крвта, секогаш кога ќе имате можност, посегнете по еден портокал и изедете го. Јадете портокали онолку колку што сакате, бидејќи тие во својот состав имаат и високо ниво на витамин Це, кој има улога да ви го зајакне имунитетот и да спречи појава на одредени инфекции во телото а меѓу другото ќе ви помогне и да ги исчистите масните наслаги наталожени по ѕидовите на вашите крвни садови.
Нутриционистите на своите пациенти кои имаат висок холестерол во крвта, постојано има советуваат кога јадат портокал тоа да го прават без да го исцедат. Тоа е така бидејќи кога јадете цел портокал вие во својот организам внесувате и растителни влакна кои ќе помогнат да се забрза процесот на варење на храната а со тоа се забрзува и постапката за нејзино исфрлање, поради што нема да има доволно време истата да започне да се таложи во вашиот организам, предизвикувајќи подоцна одредени здравствени потешкотии.
Јадете грав и леќа
Доколку имате проблем со покачен холестерол, обидете се барем неколку пати во една седмица да јадете грав и леќа. Растворливите растителни влакна кои ги има во овие намирници се корисни за вашето срце. Исто така редовно јадете и сардини кои се богати со Омега 3 масни киселини, кои значително многу помагаат во намалувањето на холестеролот а со самото тоа и кон чистењето на затнатите артерии.