13:58 - 5 декември, 2025

ИСТРАЖУВАЊЕ: Во 2020 година во светот се користеле три милиони маски во 1 минута

ковид-19

Во текот на 2020 година, во светот се користеле вртоглави 129 милијарди маски на месечно ниво, а овие бројки укажуваат на потребата од соодветно отстранување на отпадот, вели Зејнеп Џејлан, професор на Катедрата за инженерство на животната средина на Универзитетот Ататурк во Анкара, пренесуваа турскиот портал „akit“.

Со актуелната пандемија, која го тресе светот веќе скоро две години, молскавично се зголеми употребата на маски и ракавици, а бројките прикажани во истражувањето ја откриваат важноста од заштита на животната средина.

Професорот Џејлан, кој е директор на Центарот за примена и истражување на еколошките проблеми укажа на потребата од соодветно отстранување на хигиенските материјали, чија употреба значително се зголеми со епидемијата.

Таа нагласи дека светот треба да се навикне да живее со епидемијата и дека отпадот треба правилно да се управува.

„Мораме да се грижиме за отпадот. Правилното управување со отпадот е хигиена на екосистемот. Кога правилно управуваме со екосистемот, сите живи суштества ќе бидат во ред. Сите добро знаеме дека пластиката го загадува светот. Многу работи се сменија за време на пандемијата. Навиките на потрошувачите се променија. Медицинскиот отпад порасна повеќе отколку што треба“, истакна Џејлан.

Таа посочува и многу загрижувачки податоци, меѓу кои и фактот дека во 2020 година за една минута биле користени дури три милиони маски.

„Во 2020 година, кога избувна ковид-19, во светот се потрошени 129 милијарди маски за еден месец. Кога станува збор за ракавици, оваа бројка се искачува на 194 милијарди. Овие податоци покажуваат дека во една минута биле користени околу три милиони маски. Ова се многу сериозни бројки. Во 2020 година во светот беа произведени 72.000 тони медицински отпад“, посочи Џејлан.

Таа нагласи дека депонирањето на медицинскиот отпад акумулиран во домовите за стари лица, ковид центрите, болниците и здравствените домови треба да се врши согласно законската регулатива и да се подигне свеста на нивните вработени. Џејлан, исто така, ги повика граѓаните да внимаваат при отстранувањето на медицинскиот отпад.

Потребно е да се подготват посебни кеси за отпад како маски, ракавици, амбалажа од средства за дезинфекција.

Слични објави

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin
Се вчитува....