1.8 C
Скопје
14:18 - 18 јануари, 2025

ФЕРМЕНТИРАНА ХРАНА Е СПАС ЗА ЦРЕВАТА: Овие намирници треба секојдневно да ги јадете

тегли кисели краставоци ферментација

Најдобар начин да ја подобрите цревната флора е со консумирање ферментирана храна која е богата со хранливи материи и пробиотици. Ферментираната храна го подобрува варењето. Процесот на ферментација всушност ја прави храната полесна за варење и нашите тела полесно ги апсорбираат хранливите материи од неа.

‘Ртени зрна и семиња

Станува збор за житарки и семиња што прво ‘ртат, а потоа ферментираат за да се добијат корисни бактерии за правење леб. Лебот направен од кисело тесто од ‘рж или изртена пченица е полесен за дигестија од обичниот леб и не предизвикува алергии или реакции на глутен.

Кисела зелка

Киселата зелка е преполна со витамини Ц, Б и К и содржи еден тон пробиотици. Ако купувате кисела зелка во продавница наместо сами да ја правите, проверете дали имате избрано непастеризирана (треба да биде во фрижидер). Пастеризацијата ги убива сите корисни бактерии. Современите методи на обработка не содржат корисни бактерии, сепак, специјализираните продавници сè уште ја подготвуваат оваа храна на традиционален начин.

Исто така може да вклучите во исхраната и друг ферментиран зеленчук како каперси, артичоки, печурки, пиперки и маслинки.

Комбуча

Веднаш штом ќе почнете да ја консумирате, комбучата ќе започне со детоксикација на вашето тело. Комбуча е природен пробиотик кој ја балансира цревната флора со задржување на корисни и исфрлање на штетни материи.

Го потиснува растот на штетните бактерии и го зајакнува имунитетот. Тоа е добар извор на глукозамини, кои имаат антиинфламаторно дејство и можат да ја намалат болката, особено артритисот, па дури и да ги намалат главоболките. Има и анти-стрес ефект и е природен „подигнувач“ на расположение и енергија.

Маслинки

Маслинките се ферментирана храна полна со Лактобацилус, бактерии добри за нашата дигестија. Тие имаат висока концентрација на мононезаситени масти и можат да го намалат ризикот од развој на дијабетес тип два ако ги користите во храна наместо лоши масти. Го намалуваат лошиот холестерол и го зголемуваат добриот холестерол.

Кокосов јогурт

Кокосовиот јогурт е полн со пробиотици и бидејќи не е млечен производ, многу е полесен за варење. Кокосот има антивирусни, анти-габични и антибактериски својства, плус има многу електролити, калциум, калиум и магнезиум.

Кисели краставички

Краставиците се полни со активни бактериски култури и ензими. Како кисела зелка, претпочитајте да купувате краставици со лакто-ферментација, но не и оние направени со оцет. Можеби имаат сличен вкус, но немаат исти здравствени придобивки. И не заборавајте да пиете сок од краставица.

Извор: „atma“

Слични објави

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova

(Фото) Сите на куп: Драгана Мирковиќ со децата и снаата ужива во луксузот на Дубаи

Еспресо

(Видео) Секогаш насмеана и згодна: Лила Филиповска се присети како изгледала низ времето

Еспресо
Се вчитува....