9.8 C
Скопје
10:45 - 11 март, 2026

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Нискиот крвен притисок не претставува закана за здравјето, но поради намалениот проток на крвта во органите не се доволно снабдени со кислород и хранливи материи. Последиците се намалување на енергијата, вртоглавица и апатија. За да ги спречите или барем да ги ублажите овие непријатни симптоми, експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате.
Ставете перница под главата. Кога ќе легнете во креветот, подметнете неколку перници под главата и тилот, за преминувањето од лежечка во стоечка положба да не биде премногу нагло. На тој начин ќе избегнете вртоглавица.
Туширањето завршете го со ладна вода. Наизменично туширање со топла и ладна вода влијае на јакнењето на крвните садови. Поради брзите промени на температурата тие тогаш брзо се шират и се стеснуваат, па полесно се адаптираат на надворешните влијанија, на пример, на спарното време. Туширањето секогаш завршувајте го со ладна вода. Уште поголем ефект ќе има доколку со сува четка ја масирате кожата во насока на срцето.
Јадете помалку, но и почесто. Крвниот притисок е најнизок во текот на првиот час по јадењето. Тој тогаш опаѓа затоа што на органите за варење им е потребна крв за да ја завршат својата функција. Оваа постапка ќе биде послаба ако внесете помала порција на храна.
Посолете ја храната. Кујнската сол ја врзува течноста во организмот, со кој крвниот притисок малку се зголемува. Богатиот појадок и солените јадења ќе придонесат да се чувствувате подобро.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....