24.8 C
Скопје
18:59 - 6 мај, 2024

Неда Украден откри кој музичар ѝ донел цвеќе в зори: „Ми донесе орхидеи во Сараево“

Пејачката Неда Украден неодамна пред публиката ја претстави својата автобиографија „Зора је сванула“ во која откри некои непознати детали од нејзиниот живот. Во еден дел од книгата таа раскажува како ѝ се додворувал Саша Поповиќ, музичар, косопственик и директор на една српска издавачка куќа.

Неда во книгата опишува како едно утро Саша дошол пред нејзиниот стан со цвеќе, но таа го одбила. Поповиќ сакал пејачката да се изјасни дали е вљубена во него или не, на што таа му одговорила дека не требало да троши пари за гориво и за цвеќе и да доаѓа до нејзиниот стан во Сараево, бидејќи тоа прашање можел да ѝ го постави по телефон.

Откако извадоците од книгата ги објавија некои медиуми во Србија, Поповиќ реши да ги демантира нејзините тврдења.

-Не е баш така како што напишала таа. Јас како јавна личност, можам да напишам книга која ќе ги урне сите овие изданија од естрадата. Тоа сигурно би била најпродавана книга во земјава. Но, не сакам да откривам со кого сум бил пред Сузана. Секој има своја политика и желби. Не е точно ниту дека Брена ѝ била љубоморна на Неда, изјави Саша Поповиќ за Блиц.

За истиот медиум Неда рече дека таа приказна за неа завршила пред 30 години и дека сега се во добри односи, но сепак е фасцинирана од тоа што Поповиќ на полноќ ги купил сите орхидеи во цвеќарницата и дошол пред нејзината врата в зори.

–Тоа е нешто што ја фасцинира секоја жена, рече пејачката.

Да потсетиме, Неда Украден неодамна одржа промоција на својата автобиографска книга во Белград, а на промоцијата присуствуваа многу познати естрадни ликови и пријатели на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Слични објави

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо
Се вчитува....