26.8 C
Скопје
16:34 - 7 мај, 2024

Астро прогноза за сабота, 29 октомври

Овен
Имате многу енергија, но сепак внимавајте да не се изморите премногу на работа денес. Размислете повеќе за себе. Посветете се на приватниот живот. Нервозни сте затоа што другите вршат притисок врз вас. Не мора да гледате луѓе кои не ви одговараат, а постои можност да влезете во конфликт со некого.

Бик
Многу сте комуникативни. Поминувајте повеќе време со пријателите, бидејќи ќе уживате. Одете на шопинг. Бидете упорни на работа. Имајте трпение за другите луѓе иако тие премногу ве оптоваруваат со нивните проблеми. Не ви е лесно да добиете сè бидејќи немате доволно мотивација. Потрудете се да се фокусирате на приватниот живот.

Близнаци
Вие сте нетрпеливи. Имате потреба да се натпреварувате со соработниците. Бидете вредни и упорни и ќе бидете успешни на крајот од денот. Бидете мистериозни и отворени за некоја нова деловна понуда. Не треба секој да знае какви се вашите планови. Малку се двоумите кога станува збор за љубовта со една личност.

Рак
Одличен ден за дружење со пријателите. Поминете повеќе време организирајќи ја вашата работа. Бидете отворени за нови работи, не бидете тврдоглави. Под стрес сте поради многуте обврски. Потрудете се да забрзате. Не ви е лесно да постигнете сѐ што сте испланирале.

Лав
Негативната енергија што ја започнавте се генерира околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го занемарувате тоа што и вие нив ги оптоварувате со вашето негодување. Не заборавајте, она што стасува до вас е пропорционално на она што го давате. Како вие се однесувате кон луѓето, така и тие ви возравраќаат.

Девица
Вклучете ги соработниците и направете план за колективна работа. Успехот е можен единствено на овој начин. Вашата заедничка работа ќе си ја извршувате со големо задоволство, така што успехот е загарантиран.

Вага
Принудени сте денот да го поминете во кругот на луѓе кои вам не ви укажуваат почит. Нивното игнорирање не е злонамерно, тоа се луѓе чии интереси немаат допир со вашите, па затоа не сте интересни ниту да ве проценуваат.

Скорпија
Имате многу работа и сте многу оптоварени со тоа. Потрудете се да бидете одговорни. Завршете сè на време за да бидете пофалени. Соработката со другите е важна. Не дозволувајте врската со партнерот да трпи поради обврските што ги имате. Не се откажувајте од вашите идеи.

Стрелец
Ве очекува период во кој ќе бидете задоволни со новите љубовни случувања. Се чувствувате навистина добро. На работа не треба да има поголеми тешкотии, сѐ оди како што сте замислиле. Многу ви е важно да склучите нов деловен договор. Можете да очекувате комбинација на добри околности од кои ќе бидете задоволни на деловното поле..

Јарец
Можете да се потпрете на емотивниот партнер кој ви обезбедува сѐ што ви треба. Вашата врска е искрена. Се чувствувате навистина добро поради тоа. Воопшто не ви е лесно да ја решите ситуацијата што ја имате на полето на работа. Многу од тоа ве оптоварува сега. Организирајте се подобро.

Водолија
Ве очекуваат голем број обврски, а денес не можете да сметате на ничија помош. Време е да се потпрете на себе и на своите способности. Обидете се да му покажете на партнерот дека можете да направите компромиси иако вашиот начин на размислување е различен. Важно е искрено да зборувате за сѐ што ве мачи. Бидете директни.

Риби
Ви претстои многу поволен ден. Секој чекор што го правите сега може да ве доведе до деловен успех. Важно е да се посветите на вашите приоритети на ова поле. Ќе имате можност за романтично патување со саканата личност. Со нетрпение го очекувате заедничкото патување што сте го планирале.

Слични објави

Среќници на неделата: Три хороскопски знаци ќе имаат за што да прослават многу наскоро

еспресо

Никола Роквиќ објави фотографии од венчавката: Ѝ упати емотивни зборови на сопругата

Еспресо

(Видео) Цеца покажа како ужива во вилата на Дедиње: Пејачката се релаксира покрај базен во доцните часови

Еспресо

(Видео) „Не е тешко да се сака…“: Жељко Митровиќ ѝ приреди невидено изненадување на сопругата за нејзиниот роденден

Еспресо

(Фото) Никола Роквиќ стаса во Македонија, бакнежот од мајка му ги разнежни обожавателите

еспресо

Ведрана Рудан за борбата со ракот: „Не сакам да умирам на рати“

еспресо
Се вчитува....