2.8 C
Скопје
04:59 - 24 октомври, 2024

Дознајте што може да ви направи еден алкохолен пијалок дневно

Најновите истражувања укажуваат на тоа дека само еден алкохолен пијалок или два во текот на денот може да бидат поврзани со ризик од појава на висок крвен притисок, пренесува Health24.

Претходни студии дошле до заклучок дека мала количина алкохол може да помогне при работата на вашето срце, но ригорозното ново истражување сугерира на спротивното. Имено, се открива дека еден пијалок или два на дневна база е поврзано со зголемениот крвен притисок.

„Мислам дека ова ќе биде пресврт за клиничката пракса, како и за идните истражувања, образованието и јавната здравствена политика во врска со консумирањето на алкохол”, рекол главниот автор на истражувањето д-р Амер Аладин, кардиолог.

Ова е првото истражување од овој вид кое покажува дека тешкото и умереното консумирање на алкохол еднакво може да ги зголеми шансите за настанување на хипертензија. Имено, тимот на Аладин откри дека дури и умерената консумација на алкохол, седум до 13 пијалаци неделно, ги зголемува шансите за висок крвен притисок.

Во истражувањето учество земале повеќе од 17.000 возрасни Американци, а откриено е дека умерените консумирачи имале за 53 % поголема веројатност за развивање на хипертензија од прв степен и два пати поголема веројатност дека ќе имаат сериозна хипертензија во вториот стадиум во споредба со луѓето кои не пијат.

Исто така, тешките алкохоличари имале за 69 % поголема веројатност дека ќе имаат хипертензија од прв степен во однос на останатите. Наодите се одразија и на просечното вчитување на крвен притисок, чии вредности значително биле нарушени.

Студијата официјално ќе биде претставена на 17 март во Њу Орлеанс. Иако истражувачите не успеале да ги докажат причините и последиците од настанувањето на овие состојби, тие истакнале дека ги земале во предвид и другите фактори на ризик за зголемување на крвниот притисок како што се староста, полот, расата, социјалните фактори и севкупниот ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Учество на интернационална конференција за хирургија на рака

еспресо

Интервју со примариус д-р Менду Јегени, болница „Санте Плус“: Високоризична бременост

еспресо

НН. Клиника „Жан Митрев“, настани: Љубовта кон себе е најважна

еспресо

Интервју со д-р Елма Абдула Хасанаговски, болница „Санте Плус“: Успешно работиме на спонтано, а безболно породување

еспресо

Европска очна болница (European Eye Hospital), од преглед до третман: Совршеност за здравјето на очите

Ј.К.Д

(Видео) Во Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивно решение за „враснато влакно“

еспресо
Се вчитува....