7.8 C
Скопје
09:25 - 31 март, 2026

Ова се ДЕВЕТТЕ НАЈЗДРАВИ риби на светот

Општопознато е дека рибата има многу бенефити за здравјето на човдекот. Богата е со омега-3 масни киселини поради што се препорачува да се консумира најмалку двапати неделно. Сепак, секоја риба не е подеднакво здрава. Во продолжение прочитајте кои се деветте најздрави риби на светот:

1. Атлантски лосос: Велат дека омега-3 масните киселини кои ги содржи црвеното месо на оваа риба можат да влијаат на биолошкиот часовник на човекот, што значи дека може да го забави стареењето.

2. Сина риба: Се смета за исклучително корисна за човечкиот организам бидејќи содржи изобилство од фосфор, калиум, калциум, натриум и железо.

3. Атлантска харинга: Се смета за помрсна риба, но омега-3 масните киселини кои ги содржи се од голема корист за кардиоваскуларниот систем.

4. Езерска златовчица: Риба која живее во слатки води. Нејзиното месо е масно, речиси како месото од лосос, но не се суши кога термички ќе се обработи.

5. Папалини: Гириците или сарделите се вид риба која има толку протеини што може да му парира на кое било месо. Од друга страна, нејзините калориски вредности се мали. Богата е со витамини и минерали кои му се потребни на организмот за нормално функционирање.

6. Скуша: Оваа риба е совршена за секоја диета бидејќи содржи малку калории, а многу витамини и минерали.

7. Пастрмка: Ако само еднаш неделно јадете пастрмка, можете да го намалите високото ниво на холестерол, да ги зајакнете крвните садови и нервите и да го намалите ризикот од појава на проблеми со помнењето во староста.

8. Сардина: Оваа мала риба добро се апсорбира во човечкиот организам и е одличен извор на протеини. Сардината содржи цел комплекс на витамини (А, Б12, Б6, Д) и рибино масло кое го намалува холестеролот.

9. Туна: Богата е со омега-3 и омега-6 масни киселини, што ја сместува меѓу најкорисните риби.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....