23:28 - 29 декември, 2025

ДАЛИ МОЖЕТЕ ДА СЕ ЗАРАЗИТЕ СО КОРОНАВИРУСОТ НА ОТВОРЕНО? Времето поминато со заразено лице игра улога

Unsplash

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворен простор, а најновите истражувања покажаа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите се заразиле со коронавирусот на отворено, главно на концерти и спортски настани-

Во студија спроведена на 25.000 случаи, а околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекција на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Ова се оградени области каде што физичкото растојание не се почитувало или каде што луѓето некое време престојувале и се движеле, зборувајќи гласно или пеејќи.

– Не идентификувавме скоро никакви случаи кои би биле поврзани со секојдневниот живот на отворено, изјави авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот во Кантербери во Кент.

Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку во затворен простор.

Покрај британците, во студијата учествуваа и научници од американски и германски универзитети.

– Ризикот е помал затоа што вирусот е разреден во атмосферата, нешто слично се случува како кај чадот од цигари – заклучува експертот.

Стив Илеге, генетичар и експерт за вируси на Харвард, рече дека „сè уште не е познато колку аеросол се неопходен за инфекцијата, но колку е посилен, толку е поголема можноста од инфекција“.

Времето поминато во близина на заразено лице е клучен фактор.Теоретски, можно е лицето да се зарази на отворено.

– Нема докази дека вирусот корона се пренесува со поминување на луѓе на отворено. Кога поминуваме покрај луѓето, можно е да земеме здив од нивното издишување. Ризикот е многу мал, а маската  – заклучи група експерти.

Во јули, во студија од Кина, од 7.300 луѓе, само едно лице се заразило на отворено за време на разговор со човек кој дошол од Вухан, објави „Њујорк тајмс“.

Слични објави

Соседите на момчето на ќерката на Здравко Чолиќ открија сè! „Веднаш ја прифатија како снаа!“

Еспресо

(Фото) Српската пејачка во подвески ја накити елката! Облечена во црвена долна облека, подароци насекаде

Еспресо

(Фото) Снаата на Кеба замина во Дубаи: По заминувањето од „Ѕвездите на Гранд“ се огласи од луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Антониа Гиговска со моќна креација: „Ова е фустанот на мојот живот“

Еспресо

„Се туширам и ја мијам косата кога ќе стигнам“: Изјавата на Рада Манојловиќ ја згрози јавноста

Еспресо

„Преку глава ми е…“: Саша Ковачевиќ повторно проговори за конфликтот со Емина Јаховиќ

Еспресо
Се вчитува....