09:17 - 2 април, 2025

Дали може да се спречат честите проблеми со мигрената?

Многумина се соочуваат со проблем наречен мигрена – што не е исто како обична главоболка. Станува збор за невролошка, најчесто генетски наследна состојба.

Одредени надворешни фактори можат да го поттикнат нејзиниот развој и да резултираат со болка која едвај се издржува. Покрај тоа, ако ви се случува често во текот на неделата, веројатно е предизвикана од преголема доза на стрес.

Д-р Сузан Хачинсон, експерт за главоболка, главоболката предизвикана од стрес ја опишува како мигрена која се јавува како реакција на промена на рутини.

Она што го знаеме за пациентите со мигрена е дека сакаме рутини, но не се секогаш присутни“, вели д-р Хачинсон, која како што вели и самата страда од мигрена.

unsplash

Пандемијата, промената во дневните рутини, нарушувањето на распоредот на спиење, финансиски проблеми, работа од дома со постојано одвлекување на вниманието и општата несигурност се едни од главните предизвикувачи на стрес и поттикнувачи на мигрена.

Би било идеално ако луѓето со мигрена секогаш легнуваат во исто време, стануваат во исто време и јадат повеќе здрава храна. Секое нарушување на рутините може да биде активирач на болката“, предупредува лекарката.

Пандемијата, промената во дневните рутини, нарушувањето на распоредот на спиење, финансиски проблеми, работа од дома со постојано одвлекување на вниманието и општата несигурност се едни од главните предизвикувачи на стрес и поттикнувачи на мигрена.

Би било идеално ако луѓето со мигрена секогаш легнуваат во исто време, стануваат во исто време и јадат повеќе здрава храна. Секое нарушување на рутините може да биде активирач на болката“, предупредува лекарката.

pixabay

Иако не постои лек за мигрена, постојат многу техники кои можат да го спречат тоа. За да спречите мигрена додека поминувате низ стресен период, создадете дневна рутина и држете се до неа.

Пијте многу вода, јадете здраво и наоѓајте начини да го филтрирате стресот. Оттргнете ги очите и мозокот од компјутерот и секогаш кога можете одете на прошетка и одвојте време да се опуштите. Пијте шолја смирувачки чај и дозволете си уживање.

Секако и маслото од мента е идеално за главоболки. Ментолот може да помогне во ослободување на напнатоста и непријатноста што ги носи главоболката и може да ви помогне да се чувствувате значително посмирени.

Навремено легнување не е важно само за децата. Спиењето е од суштинско значење за здравјето на мозокот и управувањето со главоболката, така што може да спречите главоболка и со тоа што ќе одите во кревет порано.

Нашиот мозок е деноноќен орган. Тој напредува со деноноќниот ритам“, вели интегративниот невролог Илен Рухој, нагласувајќи дека е важно да се придржувате кон рутините, дури и за време на празниците.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“: Вратите на Клиника „Жан Митрев“ се отворени за секој кому му е потребна медицинска помош

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е доплер на каротиди, за што се користи и кои се придобивките

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо
Се вчитува....