13.8 C
Скопје
14:11 - 18 декември, 2024

ДАЛИ ФУНКЦИОНИРААТ И КАКО БРЗИТЕ ТЕСТОВИ НА ОМИКРОН: Еве зошто не се воопшто сигурни!

Антигенските брисеви можат да ја регистрираат и варијантата на коронавирус Омикрон, но на неа имаат намалена чувствителност. Зошто е тоа така? И што да правиме?

Ако тестот е позитивен – верувајте му, ако е негативен – не верувајте му сосема: во последните недели од пандемијата го научивме ова премногу добро, а сега и науката потврдува намалена чувствителност на брзите тестовите на варијантата Омикрон.

Една нова студија објавена од Њујорк Тајмс за два типа на брзи тестови за ковид, покажа дека, во првите три дена по инфекцијата, брисевите од носот сами можат да го „промашат“ вирусот, дури и кога е присутен во важни количини.

Зошто се случува ова, и што можеме да направиме за да избегнеме грешки?

Двоен тест. Анализата на истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Јеил, која сè уште не е објавена (во рецензија е), се фокусираше на мал примерок од 30 вработени од пет различни канцеларии во Њујорк и Калифорнија заразени со ковид во декември 2021 година, со новиот бран од Омикрон варијантата. Во текот на 10 дена, секој учесник бил секојдневно тестиран и со класичен молекуларен брис (PCR, но на примероци од плунка), и двата со назални антигенски тестови од две различни марки.

ПОЗИТИВЕН НА ЕДНИОТ ТЕСТ, НЕГАТИВЕН НА ДРУГОТ. Најголемото несовпаѓање помеѓу резултатите било забележано во првата фаза од инфекцијата, кога PCR тестовите биле јасно позитивни кај 29 од 30 учесници.

Во просек, потребни биле три дена за да се појави позитивен резултат и при назалните брзи тестови.

Сè уште не е јасно дали лажните негативни резултати при брзите тестови се должат на пониската чувствителност на антигените на варијантата Омикрон или едноставно на подобрите перформанси на молекуларните брисеви, кои остануваат најбезбедниот дијагностички метод за Ковид.

ПОМАЛКУ ТОЧНИ. Научниците собрале примероци од слуз од пациенти инфицирани со варијанти на Омикрон и Делта и ги разредувале додека антигенските тестови повеќе не биле во можност да го пронајдат вирусот. Брзите тестови можеле почесто да детектираат позитивен резултат кај разредените примероци од варијантата на Делта, а не кај варијантата Омикрон. Засега, ова е делумен доказ: ефективноста на брзите тестови зависи и од видот на тетсот и од тоа кога биле пуштени на пазарот (датумот на производство).

НОВО РУВО. Коронавирусот во варијантата Омикрон има околу педесет карактеристични мутации, од кои над 30 се поврзани со шилестиот протеин: секоја од овие мутации може да го измени изгледот на површинските протеини. Друга причина за намалената чувствителност на брзите тестови при тестирање на заразени со Омикрон може да биде поврзана со местото кадешто вирусот во варијантата Омикрон првично се размножува. Во мала под-анализа на само пет учесници, истражувачите од Јеил откриле дека коронавирусот – Омикрон го достигнал својот врв во плунката неколку дена пред да го достигне во носот.

Друга студија спроведена во Јужна Африка дојде до слични заклучоци: откри дека молекуларните брисеви откриваат поголем број на позитивни на Омикрон доколку тестот се изведува во плунката, земајќи примероци од устата, на непцата или на внатрешната страна на образите. .

Веројатно новата варијанта Омикрон прво се размножува во усната шуплина, а дури подоцна во носот, каде што е потешко да се регистрира со брз тест.

На крајот, некои брзи тестови кои се на продажба во Велика Британија бараат примероците да се земаат и од носот и од устата, за поголема точност; и веќе извесно време на социјалните мрежи бројни поединци го потврдуваат тоа дека биле негативни на тестовите за нос, но позитивни на оние направени во грлото.

ШТО ДА ПРАВИМЕ? Брзите тестови се многу важна алатка за рана дијагноза на ковид, особено со оглед на заразноста на варијантата Омикрон и подолгото чекање потребно за резултатот од молекуларните брисеви (да не зборуваме за бескрајните листи на чекање на местата за земање примероци).

Сепак, негативните резултати треба да се земат со сомнеж, особено во присуство на симптоми или ако сте биле во близок контакт со позитивни луѓе.

За да бидат безбедни, брзите тестови треба да се повторат барем неколку пати во текот на неколку дена, пренесува италијанскиот портал фокус.ит.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....