11.8 C
Скопје
21:26 - 26 април, 2024

Дали детоксикацијата на црниот дроб е безбедна и корисна или е непроверен мит?

Нормалната работа на црниот дроб е пресудна за одржување на доброто здравје, додека неправилната работа на црниот дроб може да биде скриена причина за многу болести.

Црниот дроб е еден од најголемите органи во телото и најголема „фабрика“ со низа важни функции: во него се одвива метаболизмот на сите микронутриенти; јахлехидрати, протеини и масти, но и елиминацијата на штетните материи од метаболизмот, лековите, токсините… Од ова, веќе е јасно колку е важно да се внимава на здравјето на црниот дроб.

За што служи и што е детоксикација на црниот дроб

Детоксикацијата на црниот дроб се споредува со цел „чистење“ и регенерација на клеките на црниот дроб доколку постојат оштетувања поради негативното дејство на штетните материи. Се смета дека помага ако сте на диета и за зачувување на севкупното здравје.

Многу работи можете да направите за своето здравје, а ако мислите дека ви е потребна детоксикација на црниот дроб, мора да знаете дека тоа нема да направи многу за вас.

Со оглед на тоа дека црниот дроб го чисти организмот од отрови, многумина сметаат дека лесно ќе го решат проблемот со претераното консумирање алкохол или други штетни материи, така што ќе го исчистат црниот дроб со напитоци.

Како и многу други рецепти за детоксикација и тој за црниот дроб содржи специфични упатства.

Можеби ќе ве упати неколку денови да пиете само сокови и други течности. Или да јадете одредени производи или додатоци на исхраната. Одредени рецепти бараат да купувате посебни производи.

Дали детоксикацијата на црниот дроб е безбедна?

Постојат медицински третмани за лекување на црниот дроб, но ништо досега не докажало дека план за детоксикација може да помогне ако е во прашање оштетување на црниот дроб. Вистина е дека детоксикацијата понекогаш може и да му наштети на здравјето на црниот дроб. Повеќе студии покажале дека одредени супстанции може да предизвикаат последици слични на оние при хепатит, а тука се и проблемите со инфекциите и електролитите.

Работи што треба да ги знаете:

– Соковите што не се пастеризирани може да предизвикаат мачнини, особено ако сте повозрасни и имате послаб имунолошки систем.

– Ако имате болест на бубрезите, детоксикацијата што вклучува големи количини сокови може лошо да влијае врз црниот дроб.

– Ако имате дијабетес, поразговарајте со лекарот пред да ја промените исхраната.

– Ако постите притоа, може да имате главоболки или да дехидрирате.

– Не постојат научни докази дека со чистење на црниот дроб позитивно влијаете врз остатокот од организмот.

Лекарите велат дека детоксикацијата не е важна за здравјето на црниот дроб или за организмот. Нема докази дека успешно ќе се ослободите од токсините што сте ги внеле во себе.

Дали чистењето на црниот дроб штити од развој на болести?

Целокупното здравје, исхраната, начинот на живот и животната средина влијаат врз здравјето на црниот дроб. Програмите за детоксикација не лекуваат ниту спречуваат болести.

Слични објави

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо
Се вчитува....