-1.2 C
Скопје
06:37 - 11 март, 2026

Алкохолот го забрзува стареењето на мозокот

Староста на мозокот е мерка за здравјето на мозокот, а на тоа негативно влијае и алкохолот, кој го забрзува неговото стареење, покажа едно од најголемите истражувања.

Наведeното истражување откри дека со секојдневна консумација, алкохолот го забрзува стареењето на мозокот, а иако и претходни истражувања дојдоа до истиот заклучок, сепак ова се смета за поверодостојно бидејќи е правено на голема група на луѓе. 

Новото истражување на Универзитетот во Јужна Калифорнија има сеопфатна проценка затоа што при скенирање на мозокот учествуваа 17.308 испитаници.

Тимот составен од експерти на оваа тема откри дека за секој грам алкохол кој се консумира во период од година дена, мозокот старее за седум и пол дена.

Во просек, една лименка пиво или чаша вино содржат 14 грама алкохол. Луѓето кои пијат секојдневно пијат значи дека имаат 0,4 години постар мозок од луѓето кои не консумираат алкохол.

Научниците искористија 30 проценти од снимките на мозокот на луѓе на возраст помеѓу 45 и 81 година за да ги „научат“ компјутерите кои го скенираат мозокот, односно да проценат колку старо изгледа мозокот на испитаниците.

Споредувајќи ги резултатите со останатите 70% од прегледите, тие открија дека колку повеќе консумирате алкохол и колку повеќе пушите цигари, толку е поголема веројатноста дека имате постар мозок од вашата вистинска возраст.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....