01:39 - 12 април, 2026

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Сексуално активните луѓе над 50 години имаат подобра меморија

љубов

Сексуално активните луѓе на возраст над 50 години имаат подобра меморија, открива едно истражување.

Според една неодамнешна студија објавена во „Archives of Sexual Behavior“, вклучувањето на редовна сексуална активност во средите години, исто така, може да биде поврзано со подобрена меморија.

љубов

Марк Ален, предавач на Факултетот за психологија на Универзитетот Волонгонг во Австралија, го спровел истражувањето на 6.016 луѓе, од кои сите биле постари од 50 години.

Податоците биле собрани во 2012 и 2014 година од 2.672 мажи и 3.344 жени за голем број аспекти од нивниот живот, вклучувајќи здравје, исхрана и сексуална активност.

Учесниците, исто така, извршиле епизоден тест за меморија во 2012 и 2014 година, при што Ален можел да ги спореди резултатите од двата теста. Ален дошол до заклучок дека иако сите возрасни покажале знаци на губење на меморијата, оние кои биле повеќе сексуално активни и биле во интимни врски се покажале подобри на тестови за меморија.

љубов

Ова сугерира дека редовниот секс може да има позитивен ефект врз задржувањето на меморијата. Меѓутоа, идејата дека зголемената сексуална активност може да го забави губењето на меморијата на долг рок, не била основана.

Истражувачите велат дека сите наоди се базирани на експериментални истражувања.

Извор: Independent 

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....