20:45 - 30 јануари, 2026

ЗОШТО КЕЈТ МИДЛТОН И ВИЛИЈАМ НЕ ДОЈДОА НА БАФТА: Принцот е покровител на настанот, а сепак отсуствуваше, еве ги хипотезите!

кралско семејство

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не се појави на церемонијата на британските Оскари, и покрај тоа што принцот е покровител на настанот: Поради „ограничувања на агендата“ – се вели во официјалното соопштение. Но, има и такви кои тврдат дека одлуката може да зависи од неодамнешниот конфликт меѓу кралското семејство и Би-Би-Си, која го пренесува настанот.

Веста кружеше со денови, потврдена од официјални извори, но многумина мислеа (и се надеваа) на изненадување во последен. Сепак, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон навистина ја прескокнаа церемонијата БАФТА 2022 година, наградите што ги доделува Британската академија за филмска и телевизиска уметност на најдобрите филмски продукции од претходната година. Вилијам, и покрај тоа што е покровител на настанот, не се појави на таканаречените британски Оскари, туку само испрати видео-клип од 90 секунди.

„Со улогата што ја имам, исклучително сум горд на работата што ја врши БАФТА во текот на годината, обезбедувајќи им можност на талентирани луѓе да напредуваат во своите кариери. Многумина што партиципираа во нашите проекти денес се во публиката и тоа е фантастично“, вели во видеото Вилијам, кој обично присуствува на важниот настан заедно со сопругата. „Нашата цел е да ги инспирираме идните генерации. Патување кое за некои би можело да започне уште денес“, рече Вилијам.

Секако, следуваше аплауз на изјавата на принцот.

Но многумина продолжија да се прашуваат зошто војводите од Кембриџ отсуствуваа. Официјалното соопштение зборува за „ограничувања на агендата“, но тоа не ги разувери некои од експертите за кралското семејство кои се сомневаат дека не е до тесната агенда. Некои пак, претпоставуваат дека Вилијам и Кејт биле ангажирани во планирањето на кралското патување на Карибите, додека други дури ја спомнуваат трагичната војна меѓу Украина и Русија.

„Не би се чувствувал удобно да присуствувам на церемонијата среде конфликт“ – објаснува експертот Роберт Џобсон кој истакна дека Вилијам и Кејт „не се обврзани да учествуваат на сите настани поврзани со нивните покровителства“.

Трети пак, веруваат дека отсуството се должело на тоа што преносот на настанот БАФТА е доверен на Би-Би-Си, радиодифузерот кој неодамна влезе во конфликт со кралското семејство.

„Збунета сум од одлуката на Вилијам да не присуствува на церемонијата на БАФТА“, пишува Аманда Плател од „Мејл он Сандеј“. „Моја претпоставка е дека по емитувањето на „The Princes and The Press“ на Би-би-си, тој одлучи да не дојде на настанот и да испрати само видео порака“.

ПРИНЦ ВИЛИЈАМ во одбрана на споменот на Дијана: Не сакам да ја видам мајка ми прикажана покрај тоа гнасно чудовиште!

 

Слични објави

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо
Се вчитува....