11:40 - 10 ноември, 2026

Зошто Дорис Драговиќ за малку ќе беше дисквалификувана од Евросонг во 1999 година?

Вечерва Виена ќе биде центар на музичкиот свет. Во преполната сала Wiener Stadthalle започнува првата полуфинална вечер на Евросонг.

Додека со нетрпение го очекуваме вечерашниот настап, невозможно е да не се потсетиме на една од најголемите драми во историјата на Евросонг, во која главна актерка беше хрватската дива Дорис Драговиќ.

Во 1999 година во Ерусалим, Дорис со песната „Марија Магдалена“ беше меѓу фаворитите за победа. Меѓутоа, настана невиден хаос поради – Норвежаните. Имено, норвешката делегација испрати официјална жалба до European Broadcasting Union (Европската радиодифузна унија), тврдејќи дека Хрватска користела однапред снимени машки вокали на матрицата, што тогаш беше строго забрането.

Иако Дорис не беше дисквалификувана, казната беше ригорозна: на Хрватска ѝ беа одземени 33% од поените за пресметка на петгодишниот просек (што тогаш влијаеше на квалификациите за следните години), а „Марија Магдалена“ заврши на четвртото место.

Ксенија Урличиќ, тогашната шефица на хрватската делегација, смета дека целта била да се спречи Хрватска да биде домаќин во јубилејната 2000 година.

„Врвот на Евровизија сакаше да нè дисквалификува од страв една мала Хрватска да не победи на преминот на векот. Тоа не се машки вокали, туку човечки гласови кои се во служба на инструментот. Околу тоа се крена голема прашина и едвај настапивме со огромни напори. Сепак, автор беше Тончи Хуљиќ и на еден таков врвен професионалец не може да му се случи да заобиколи некои правила на Евросонг“, изјави Ксенија Урличиќ за Index.

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....