12:42 - 10 ноември, 2026

Знаете ли колку е богата Сидни Свини?

Неодамна излезе третата сезона од HBO серијата Euphoria, а првите епизоди предизвикаа бурни реакции кај гледачите на социјалните мрежи – токму поради Сидни Свини. Целата приказна во третата сезона се одвива пет години по настаните од втората, а ликот на оваа убавица која го освои светот, Кеси, почнува да создава содржини што ги објавува на платформа за возрасни.

Така, нејзините сцени целосно шокираа дел од гледачите – позира како кученце, како бебе, а во една сцена ѝ се слева сладолед по голите гради, а сето тоа Кеси го прави за да си ја плати свадбата.

Пред неколку месеци Сидни лансираше и сопствен бренд на долна облека, кој самата го рекламира. Се појави и во контроверзна реклама за фармерки, а неодамна излезе и филмот The Housemaid, во кој глуми.

Поради сето тоа, како и поради провокативните комбинации во кои се појавува на црвениот тепих, Сидни Свини стана едно од најпопуларните лица на денешницата, а многумина тврдат дека токму таа е „секс симбол на 21 век“.

Па, колку пари ѝ донесе оваа слава?

Како што наведува Celebrity Net Worth, нејзиното богатство се проценува на дури 40 милиони долари. Станува збор за комбинација од приходи од различни извори – на пример, од филмот The Housemaid заработила околу 7,5 милиони долари, илјадници долари од Madame Web, а приходите доаѓале и од рекламите што ги снимала. Исто така, според UNILAD, Сидни има и сопствена продукциска куќа од која исто така заработува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney)

Слични објави

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо
Се вчитува....