10.8 C
Скопје
20:38 - 10 април, 2026

Жизел Бундхен ја открива траумата од младоста: „Побараа од мене нешто поради што се расплакав“

Во новото видео за „Вог“, 41-годишната бразилска манекенка Жизел Бундхен ја раскажа најтрауматизирачката епизода од нејзината долга манекенска кариера: имала само 18 години кога на модната писта на големиот дизајнер Александар Меквин морала да се движи на модната писта со многу храбра модна креација – наместо материјал, креацијата била создадена од конци од кои се гледале двете гради.

Реакцијата на многу младата манекенка, која сега е во брак ѕвездата Том Брејди, била шокантна за една манекенка – таа веднаш се расплакала, бидејќи тогаш таа сè уште не зборувала англиски и не ги разбирала упатствата што ѝ ги дале зад сцената и што е тоа што ја чека:

„Додека плачев, имав закачени пердуви на моите трепки кои ми се одлепуваа и шминкерот рече „те молам, не плачи!“ – вели таа – си заминав мислејќи цело време: „Се надевам дека татко ми никогаш не ме гвиде вака“. А потоа додаде: „Сè што сакав да направам е да заминам, но, знаете, тоа е една од оние работи што те прават посилен“.

Таа ревија била нејзината најголема отскочна даска по која следеле десетици кастинзи пред модната недела во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)

Ова искуство таа вели дека нема да го заборави и затоа го споделила во својата автобиографска книга од 2019 година, насловена „Lessons: my path to a meaningful life“.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....