1.8 C
Скопје
08:15 - 25 декември, 2024

Живот исполнет до последен здив: Неверојатната животна приказна на легендарната глумица Џина Лолобриџида, мултиталентирана уметница и симбол на женственоста

Италијанската филмска актерка легенда Џина Лолобриџида почина денес, на 16 јануари на 95-годишна возраст.

Причините за смртта не се прецизирани. Во септември минатата година актерката била хоспитализирана поради скршеница. Според весникот „Кориере дела сера“, ѝ била дијагностицирана фрактура на колкот.

Актерката беше наградена со многу награди и ордени, меѓу кои и Орден за заслуги за Италијанската Република, Орден на Легијата на честа, Орден за уметност и литература. Во 2018 година, актерката доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bortulucce (@bortulucce)

Мултиталентирана и преубава од детството

Луиџина (подоцна името ѝ е скратено на Џина) е родена на 4 јули 1927 година, на 73 километри од Рим, во Субијако, во семејство на производители на мебел. Покрај неа, нејзините родители имаа уште три ќерки – Џулијана, Марија и Фернанда. За време на Втората светска војна, семејството живеело во мало планинско село и дури во 1945 година повторно се преселило во периферијата на Рим. Џина заработувала цртајќи цртежи на улица. Таа, исто така, земала часови по оперско пеење (вокал) и студирала во театарската школа. Уште како млада девојка постојано била поканувана да глуми во филмови, но таа одбила и само по убедување на нејзината мајка конечно се појавила на филмското платно.

Во 1946 година, Луиџина започнала да глуми во филмови во епизодни улоги. Во 1947 година, таа се пласирала на третото место на изборот за Мис на Италија.

Во 1949 година, таа ја добила главната улога во музичката комедија на Марио Коста „Луда за опера“, каде што ги покажа своите одлични вокални способности. Оттогаш, Лолобриџида почна да ги собира само главните улоги.

Улогата на циганката Аделин во филмот Фанфан ла Тулипе (1952) ѝ донесе огромна популарност. Филмот беше награден со награди на фестивалите во Кан и Берлин. Така, Лолобриџида почна да глуми и во Холивуд. Првата холивудкса улога актерката ја доби во комедија на Џон Хјустон во 1953.

Во 1953 година, актерката ја доби наградата Сребрена лента за филмот „Леб, љубов и соништа“, каде што ја играше Марија де Ритис. Истата година, филмот ја освоил Сребрената мечка на Берлинскиот филмски фестивал и во 1955 година две номинации за БАФТА за најдобра актерка и најдобар странски филм, како и номинација за Оскар за најдобро сценарио.

Лолобриџида глумеше во филмови на многу познати режисери – Виторио Гасман, Ренато Кастелани, Жан Деланој, Мауро Болоњини, Јержи Сколимовски итн.

Според неа, сакала да глуми во филмови на режисерите кои ја зборуваат вистината од екранот,  а не во скапи акциони филмови.

Беше и фоторепортерка, режисерка, скулторка

Покрај снимањето филм, таа се занимаваше и со фоторепортерство, ги фотографираше Пол Њуман, Салвадор Дали, Фидел Кастро и многу други маркатни личности.

Некое време таа беше љубител на вајање скулптури.

Во 1976 година, актерката одлучи да се обиде како режисер и сними документарен филм за Куба, за кој го интервјуираше Фидел Кастро.

Лолобриџида беше и дел од жириата на бројни филмски фестивали. Таа се кандидираше и за Европскиот парламент за италијанската централно-левичарска партија Демократи.

Во последниве години, актерката живееше сама во својата вила во близина на Рим, учествуваше во добротворни настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roberto Gualtieri (@robertogualtieri)

Актерката беше во брак со докторот Милко Скофич. На 28 јули 1957 година им се роди син единец. Во 1971 година, парот се разведе. Во 1979 година, нејзиниот поранешен сопруг загинал во сообраќајна несреќа.

Слични објави

Хороскоп за 25 декември: Близнаците ќе имаат проблеми на работа, а еве кого го чека љубовен ролеркостер

Еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „На полноќ ќе испратам порака до мојата драга девојка која…“

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во станот на Лидија Вукичевиќ во кој вложи 200.000 евра: Книги, камин среде собата, новогодишни украси…

Еспресо

(Фото) Од сончевиот Мајами во снежна Србија: Српската старлета со метла го чистеше луксузниот автомобил

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо
Се вчитува....