20.8 C
Скопје
19:33 - 10 мај, 2026

Земјата се врти побрзо: Минатиот петок бил најкраткиот ден од почетокот на мерењата

Земјата неодамна завршила целосна ротација побрзо од кога било откако се вршат такви мерења. Бидејќи полноќта пристигнала 1,59 милисекунди порано од вообичаеното, би можело да се случи за прв пат досега, часовниците ширум светот да бидат поместени напред.

Петок, 29 јули, беше најкраткиот ден на Земјата од 1960-тите години, кога научниците почнале да ја мерат ротацијата на нашата матична планета со помош на многу прецизни атомски часовници.

Општо земено, Земјата ротира околу својата оска еднаш на секои 24 часа. Таа ротација сочинува еден ден, чии циклуси на изгрејсонце и зајдисонце ги обликувале обрасците на животот милијарди години.

Во последните неколку години беа срушени неколку рекорди кога станува збор за брзината на ротацијата на Земјата. Во текот на 2020 година, Земјата забележа 28 најкратки денови во последните 50 години. Најкраткиот меѓу нив бил на 19 јули истата година, кој намалил 1,47 милисекунди од 86.400 секунди колку што ги има во еден ден.

Но на 26 јули годинава намалувањето се зголемило на 1,5 милисекунди.

Можни причини за забрзувањето

Во споредба со раните периоди Земјата моментално се врти побавно од порано. Пред 1,4 милијарди години денот траел нешто пократко од 19 часа. Оттогаш деновите станувале подолги, за околу 74 илјадити делови од секундата секоја година. За ова главно била одговорна Месечината, чија гравитација постепено ја намалувала брзината на ротација.

Иако Земјата долгорочно гледано забавува, сликата на краток рок не е толку јасна. Имено, има многу работи кои влијаат на брзината на ротацијата на Земјата.

Земјата во себе содржи „растопено“ јадро. На површината има континенти кои се движат, океани кои надоаѓаат и глечери што исчезнуваат. Целата планета е обвиткана во тенок слој од гасови и се врти околу својата оска.

Дури и посилните ветрови од периодот на Ел Нињо можат да ја забават ротацијата за дел од милисекунда, додека земјотресите можат да ја продолжат.

Со цел да се одржуваат светските часовници усогласени, Меѓународната телекомуникациска унија (специјализирана агенција на Обединетите нации) вовела додавање на секунди во текот на јуни и декември.

Досега се додадени вкупно 27 вакви престапни секунди. Првиот пат тоа го направиле во 1972 година, а последен пат тоа било потребно во 2016 година.

Слични објави

Неделен хороскоп: Налет на енергија, комуникација и малку непредвидливост…

Т.Ц.

(Видео) Саша Ковачевиќ паднал од бината на синоќешниот концерт

Т.Ц.

Зорица Брунцлик случајно дознала за страшната дијагноза: „Твојот живот виси на конец…“

Еспресо

Редок увид во приватниот свет на Мерилин Монро – аукцијата ја открива нејзината најранлива страна

Т.Ц.

Има вила на Кипар вредна 200.000 евра и три куќи на планина – српскиот музичар разви бизнис и заработува сериозни пари

Еспресо

(Фото) „За моето дете“: Милица Тодоровиќ со емотивна објава му се обрати на својот тримесечен син Богдан

Еспресо
Се вчитува....