5.8 C
Скопје
07:08 - 1 април, 2026

Зеленски: „Северодоњецк облеан во крв“, ако се урне и третиот мост ќе нема можност за бегство од градот

Во градот Северодоњецк руските и украинските сили се борат „буквално на секој метар“, а овој дел од регион на Луганск е „покриен со крв“ – рече претседателот на Украина Володимир Зеленски, тврдејќи дека „и покрај сè, ние продолжуваме да држиме позиции“. И дека „секој метар украинска земја е облеан во крв, но не само нашата, туку и онаа на окупаторот“.

Во својот последен говор Зеленски рече дека последните борби во Северодонецк биле „многу жестоки“, додавајќи дека Русија распоредува слабо обучени војници и ги користи своите млади сили како „месо за колење“.

„Русите, со поддршка на артилерија, упаднаа во Северодонецк и ги истуркаа нашите единици од центарот на градот“, напиша на Фејсбук Генералштабот на украинските вооружени сили, додавајќи дека „непријателот пукал со артилерија и врз нашите позиции во областите на Лисичанск, Северодонецк и Тошкивка, а нападнаа во правците на Волин, Полисија и Северски без значителни резултати. Руските окупатори ги напаѓаа со артилерија и минофрлачи нашите позиции во областа Хриневка, во регионот Черниговски“.

Руските сили уништија мост над реката Сиверски што го поврзува градот со неговиот „близнак“ Лисичанск, – објаснува гувернерот на Луганск, Сергеј Хаидаи, нагласувајќи дека на тој начин патот за бегство за цивилите е прекинат и дека само еден од трите моста над реката Сиверски останува употреблив. Покрај тоа, руското бомбардирање на Лисичанск предизвикало смрт на една жена, уништување на четири куќи и трговски центар, како што објасни Хаидаи.

„Ако по ново бомбардирање мостот се урне, градот навистина ќе биде отсечен. Нема да има начин да го напуштите Северодонецк со возило“, рече Хаидаи, нагласувајќи го недостатокот на договор за прекин на огнот и отсуството на договорени коридори за евакуација.

Киев: „Русите со масовен напад врз Северодонецк за да го заземат градот за 48 часа“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....