7.8 C
Скопје
22:24 - 31 март, 2026

Збогум Ен Хеч, пријателите се простуваат од глумицата, имаше 53 години: „Рајот има нов ангел“

Почина Ен Хеч, актерката имаше 53 години. На 5 август доживе страшна сообраќајна несреќа, што ѝ предизвика мозочна смрт. Семејството одлучи да ги исклучи машините што ја одржуваа во живот.

Веста за смртта на Хеч дојде од семејството, а во следните минути ја потврдија различни меѓународни извори, меѓу кои и Гардијан. Истовремено пристигна и објавата за збогум на пријателката на актерката, Ненси Дејвис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nancy Davis (@nancypeaceandlove)

Актерката изгубила контрола над автомобилот кога на 5 август удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Возилото се запалило, и дел од куќата во која удрила.

Семејството ги исклучи машините што ја одржувале во живот и, според нејзината волја, ќе започне донирање на органи.

„Рајот има нов ангел. Мојата љубов, љубезна, забавна, симпатична и убава пријателка Ен Хеч отиде во рајот. Ќе ми недостига ужасно и ќе ги негувам сите убави спомени што ги споделивме. Ен секогаш беше најљубезната, најпромислената личност која секогаш го извлекуваше најдоброто од мене“, напиша нејзината пријателка Ненси Дејвис.

Остави два сина – дваесетгодишниот Хомер и тринаесетгодишниот Атлас.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....