14:18 - 12 ноември, 2026

Зависностите на Џејда Пинкет Смит: ПРВО АЛКОХОЛ И СЕКС, ПА ДРОГА И ПОРНОГРАФИЈА

Животот на Џејда Пинкет, сопругата на Вил Смит, не бил само рози. Во 2019 година – многу пред шлаканицата што актерот му ја „врачи“ на Крис Рок за време на Оскарите во 2022 година – актерката рече дека доживеала многу тешки времиња поради различни зависности. Прво алкохол и секс, па дрога и порнографија.

„Имав различни видови на зависности. Тие се менуваа од време на време. Кога бев помлада, бев зависна од секс. Мислев дека сексот е решение за сè. Разбирате што сакам да кажам? Да се ​​има многу секс е одлично, но зошто јас сакав да го правам тоа постојано? Тоа беше аспектот што требаше да се следи“, се довери таа.

Џејда Пинкет Смит морала да се справува и со дрога: нејзината мајка редовно користела хероин. Актерката пробала секакви дроги додека не решила да се откаже.

Се обидела да се детоксицира со тоа што почнала постојано да гледа порно филмови. Штета што ова доведе до нова зависност…

„Имав нездрав однос со одредени видеа. Во тоа време немав односи со мажи, поминував низ период на апстиненција. Па, морав да ја пополнам празнината”, признала таа.

Запознавањето со Вил Смит во 1995 година променило сè:

„Вил влезе во мојот живот кога најмногу ми требаше. Ова не може да биде случајност“, вели таа.

Двојката се венчаше во 1997 година и има две деца.

Слични објави

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.
Се вчитува....