6.8 C
Скопје
04:14 - 31 март, 2026

Запознајте се со градот на историјата и културата – Откријте го Маракеш (ФОТО)

Маракеш постои веќе речиси илјада години и претставува град на историјата и културата…

Станува збор за место, кое само по себе асоцира на фузија од култури со својот изглед, прашливите улици, интересните градби и минарињата кои се вистинска контраст на синото небо…

Познат како „црвениот град“ благодарение на бојата на дебелите ѕидини кои го опкружуваат стариот град, Маракеш е популарна туристичка дестинација уште од шеесетите години на минатиот век, а привлекува и бројни познати личности. Станува збор за место кое ќе ги активира сите ваши сетила, особено со неговите познати пазари и чаршии. Овие шаренолики пазари ќе ве заинтригираат со своите примамливи бои и мириси, а тука можете да купите силно обоени зачини, богато ткаени теписи и уште илјадници други работи.

Невозможно е да шетате низ Маракеш, а да не се изненадите од неговата интересна архитектура на секој чекор. Од ексклузивни градини до интригантно изрезбани премини и орнаментни џамии, овој град ја претставува својата историја во секој поглед. Медина е особено интересна глетка, која е мешавина од арапската и мурската архитектура.

Кога стнаува збор за забавата, Маракеш во себе крие фузија на култури со магичен ефект. „Jamaa El-Fnaaе“ е најпрометниот плоштад на оваа дестинација, со голтачи на оган, стомачни танчерки, актобати, астролози и разни видови на забавувачи.

Ако одлучите да се опуштите и одморите во мир и тишина, посетете еден од префинетите голф терени на овој град или пак некој од бројните хамами, кои се специјалитет на оваа дестинација.

твитер
твитер
твитер
твитер
твитер
твитер
твитер
твитер
твитер
твитер
твитер

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....