18:15 - 30 јануари, 2026

ЗАНАЕТЧИКА: Охридскиот сунѓер инспирација на Данче Наумоска за накит од бакар

Данче Наумоска е занаетчика која изработува бакар. Почетоците на нејзината професија датираат речиси пред 20 години кога љубовта кон создавањето на бакарни производи ја пренесол нејзиниот татко во нивната работилница.

Според Наумоска, Охридскиот тркалезен сунѓер со неговата жолтеникава боја и кадифест изглед, живее на длабочина од 30 до 120 метри и достигнува дијаметар до 13 сантиметри, зацврстен на школки или камчиња.

Тогаш најмногу ја привлекувале боите кои ги менувал бакарот при хемиска реакција- оксидација, нијансите кои никогаш не се повторуваат. Изработува охридски мотиви, религиозни мотиви или пак, со традиционални дизајни.

Нејзина најнова инспирација е Охридски сунѓер – „Ochridaspongia rotunda”, а новата колекција добива и токму такви форми.

– Осознавајќи ги ендемските видови од Охридското езеро, се сретнав со волшебниот сунѓер, кој го добил името „rotunda“ не само заради тоа што има тркалезна форма, туку и што потсетува на морски еж без боцки. Фасцинирана од неговиот изглед, успеав преку накитот да го претставам внатрешниот систем на каналчиња и коморчиња, раскажува таа.

Според Наумоска, Охридскиот тркалезен сунѓер со неговата жолтеникава боја и кадифест изглед, живее на длабочина од 30 до 120 метри и достигнува дијаметар до 13 сантиметри, зацврстен на школки или камчиња. Се размножува преку целата година и опстојува во симбиоза со Охридските ракчиња и како автохтон животински вид целосно се разликува од другите сунѓери.

Овој прастар облик на сунѓер опстојува во шест милиони старото езеро и е меѓу најстарите облици што живеат во него.

– Благодарение на нуркачкиот клуб Амфора, преку фотографии ни го претстави дното на Охридското езеро. За изработка на колекцијата користев ленти, бакарни плочки, епоксидна смола кожни врвки или синџирче, полудраги камења или мурано стакло. Наменета е за уникатни, моќни и  самоуверени жени, вели таа.

Таа е дел од во проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ спроведен од Центарот за управување со промени – ЦУП а поддржан од Balkan Trust for Democracy.

ФОТО – прватна архива

Слични објави

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо
Се вчитува....