5.8 C
Скопје
02:27 - 1 април, 2026

Вупи Голдберг прифати повторно да се врати во „Star Trek“

Вупи Голдберг со задоволство го прифати повикот на Сер Патрик Стјуарт за враќање во франшизата „Star Trek“.

Познатиот вселенски капетан ја сретнал колешката во телевизискиот програм „The View“ и радосно ѝ предложил соработка.

Голберг повторно би го глумела својот лик Гуанин во втората сезона на серијата „Star Trek: Picard“, која е одобрена и најавена од неодамна.

Заинтересираноста на гледачите за спин-оф серијата е огромна. Првата епизода ќе се прикаже на стрим-сервисот на телевизиската куќа CBS.

„Star Trek беше едно од најголемите искуства од почеток до крај. Работејќи на оваа серија го имав најубавото време некогаш!“, рекла Голдберг.

Познатата афро-американска актерка го играше ликот на келнерката Гуанин во 28 епизода на серијалот „Star Trek: New generation“ од 1988 година до 1993 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....