12:09 - 3 април, 2026

Возачот не смее ништо до допре со гола рака: Џеј Ло е во паника поради коронавирусот, а ова е доказ за тоа! (ФОТО)

Американската пејачка, актерка и продуцентка, Џенифер Лопез (50) е фотографирана додека излегувала од својата омилена теретана во Мајами, додека пак друштво и прави нејзинот вереник, Алекс Родригез (44).

Џенифер повторно покажа затегнат стомак во црвен краток топ и шарени хеланки со висока половина.

Иако оваа теретана е затворена за јавноста поради пандемијата од коронавирусот кој хара низ светот и полицискиот час кој е на сила во САД, познатиот пар вежба во неа, но пред да влезат се прави комплетна дезинфекција.

– Оваа теретана е затворена, останете дома, останете безбедни – пишувал на вратите на теретаната, која Џеј Ло и Алекс често ја посетуваа пред вонредната состојба.

Фото: Профимедиа

Додека славниот пар вежбаше, пред теретаната ги чекаше нивниот личен шофер, кој на себе носеше маска за лице, а додека ги чекаше тој го дезинфекцираше автомобилот.

Тој со влажни крпи ги бришеше рачките од вратите на автомобилот, а потоа исто така со влажна крпа и ја отвори вратата на пејачката за да влезе.

Инаку Џеј Ло и Алекс се во самоизолација во Мајами и таму го поминуваат слободното време со своите деца кои ги имаат од претходните бракови.

Слични објави

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо
Се вчитува....