13:59 - 9 јануари, 2026

Во земјотресот почина позната турска кошаркарка: Отишла да ја посети баба ѝ, а ја нашле мртва под урнатините

Уште еден спортист го загуби животот во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.

Како што објавија турските медиуми, а потврдија бројни клубови со своите проштални пораки, загинала кошаркарката Нилај Ајдоган (30).

Како што пишуваат турските медиуми, Ајдоган отишла да ја посети својата баба во Малатија. Била студентка на приватниот универзитет „Чанкаја“ и играла за турската репрезентација во кошарка.

Претходно Универзитетот соопшти дека куќата во која се наоѓала е уништена, а имало и спасувачка акција. Лошата вест денеска ја потврди и Кошаркарската федерација на Турција.

– Ја дознавме трагичната вест за смртта на Нилај Ајдоган, студентка на Универзитетот Чанкаја, која настапуваше во националното женско првенство.

Нека нејзината душа почива во мир, изразуваме сочувство до семејството, роднините и целиот кошаркарски свет – соопшти Кошаркарската федерација на Турција.

Од кошаркарката се простија бројни клубови, меѓу нив и Галатасарај и Фенербахче.

 

Слични објави

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin
Се вчитува....