08:44 - 3 април, 2026

Во ве-це во Бугарија пронајдено распарчено тело на крипто милионер: Убиецот ја убил жртвата, па го исечкал на парчиња

Во Софија е пронајдено распачено тело на могул на криптовалути, јавува Њузвик.

Посмртните останки на Кристијан Пиво, кој имал американско и бугарско државјанство, водоинсталаторите ги пронашле напикани во тоалетот. Водоинталаторите имено, биле повикани да го исчистат запушениот одвод, известува британски Мирор.

Пив дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој е убиен во периодот од 8 до 9 август и дека убиецот е Веско Валчинов, кого го запознал пред шест години. Локалните медиуми објавија дека убиецот прво ја убил својата жртва, а потоа го исечкал телото во тоалетот, а некои од деловите ги фрлил во вц-шољата.

Уапсен е уште еден маж, Константин Суботинов, кој наводно на полицијата ѝ рекол дека му помогнал на убиецот да ги сокрие деловите од телото на жртвата возејќи ги во софиската населба Витоша, каде што бил уапсен Валчинов. Бугарските медиуми објавија дека Пив му помагал на Валчинов со крипто инвестиции, сугерирајќи дека убиството било мотивирано од пари. Newsweek го контактираше бугарското Министерство за внатрешни работи за дополнителни коментари.

Пив е вториот крипто милионер кој е пронајден мртов во рок од еден месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба беа пронајдени во црвен ковчег во Буенос Аирес на 23 јули, откако тој исчезна пет дена претходно.

Слични објави

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.
Се вчитува....