14:22 - 13 ноември, 2026

Во Украина повторно се отвораат некои пристаништа: До сега отпловеа четири брода натоварени со жито, планот е „3 милиони тони извоз за еден месец“

За прв пат по руската инвазија на Украина, товарен брод пристигна во украинското пристаниште Чорноморск за да натовари житни производи и да ги извезе, известуваат украинските власти.

„Денеска, за прв пат по руската инвазија, бродот Fulmar S, со знаме на Барбадос, пристигна на утовар во пристаништето во Чорноморск“, напиша украинскиот министер за инфраструктура, Олександр Кубраков.

Друго украинско пристаниште, покрај Одеса, е подготвено да продолжи со работа следната недела како дел од договорите за жито. Украинскиот заменик-министер за инфраструктура Мусатафа Најем го изјави ова во објава на Фејсбук, пренесе агенцијата Укринформ.

„Следната недела планираме да го додадеме пристаништето Пивденни на „иницијативата за жито“ – напиша тој. Оперативниот коридор формиран од трите пристаништа – Одеса, Чорноморск и Пивденни – ќе ни овозможи да достигнеме 3 милиони тони извоз на производи во рок од еден месец“, напиша Најем.

Досега четири брода натоварени со жито ги напуштија двете украински пристаништа. Еден тргна од пристаништето во Одеса и три од пристаништето Чорноморск.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....