34.4 C
Скопје
12:13 - 11 август, 2026

Внука на познатата српска пејачка е меѓу загинатите во страотната несреќа во Нови Сад

Пејачката на групата „Трик ФХ“, Наталија Ибраимов, се бори со тешка загуба.

Нејзината внука Анѓела Руман загина во страшна несреќа што се случи вчера, 1 ноември, на Железничката станица во Нови Сад, кога настрешницата падна и усмрти, како што е познато, вкупно 14 лица.

Анѓела во моментот на несреќата, како што се наведува, седела на клупа со своето момче. Таа дошла во Нови Сад за заедно да го прослават неговиот роденден.

– Најпрво сакам да изразам сочувство до сите семејства кои ги загубија своите најблиски во оваа несреќа. Не ни помислував дека ќе сум меѓу нив. Братучед ми ме извести дека ја загубил ќерката која вчера отишла да го прослави роденденот со своето момче – рекла Наталија.

-Тоа е ќерката на мојот братучед од тетка. Анѓела Руман. Таа имаше само 20 години. Дојде во Нови Сад да го прослави роденденот на своето момче, беше многу среќна. До неа во моментот на трагедијата било и нејзиното момче, заедно седеле на клупата. И двајцата починаа. Не ми се верува дека одеднаш ја нема, дека ѝ е таква судбината… На братучед ми не му е добро, ниту мене, ова е страшна семејна трагедија… Жал ми е, не можам да зборувам. .. Страшна, огромна трагедија. Децата седеле на клупата, отишле да слават роденден. Премногу е тажно – рекла скршената Наталија од „Трик ФХ“ за „Информер“.

На својот инстаграм-профил Наталија прво објави потресна порака, а потоа и фотографија од својата внука и нејзиното момче.

– Ангел наш, животе, па зошто, зошто, зошто? Останав нема мила моја, Анѓо, ти отиде на роденден, а си остана под урнатините, мило наше дете. Почивај во мир срце наше. Драг мој брату, мора да бидеш силен – напишала Наталија.

 

Слични објави

Тамара Тодевска ја дигна на нозе публиката во Охрид

Еспресо

(Видео) Социјалните мрежи „горат“ откако Јаков Јозиновиќ доживеа „дебакл“ на настапот во Будва

apostolova

(Фото) Дали го препознавате ова дете? Денес е еден од најпознатите виртуози на хармоника во Македонија

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во минијатурно бикини од 1.500 евра го покажа извајаното тело

Еспресо

Дневен хороскоп за 11 август: Бидете подготвени да преземете иницијатива

apostolova

(Фото) Помладата ќерка на Здравко Чолиќ потрошила 10.000 евра на роденденот во Кан? На тортата напишана безобразна порака

Еспресо
Се вчитува....