16:32 - 1 ноември, 2026

Поради пораката на ќерката на Карлеуша за девојчињата кои загинаа во Нови Сад, многумина ќе плачат: „Кој ќе одговара?“

Ќерката на српската поп-пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Ника Тошиќ, се огласи за страшната несреќа која ја зави Србија во црно.

Вчера, 1 ноември, засега, како што беше потврдено, 14 лица го загубија животот пред Железничката станица во Нови Сад, кога врз нив се урна настрешницата, т.е. бетонска конструкција.

Во Србија денеска е прогласен Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост, а владата на Црна Гора одлучи утре да прогласи Ден на жалост, по повод страдањата на граѓаните на Република Србија, кои трагично ги загубија животите.

Оваа вест ја потресе и малата Ника која на Инстаграм сподели две објави, кои ќе расплачат многумина.

– Најмладите жртви од Нови Сад се сестри на возраст од 5 и 9 години. Тие се 2 од 14 загинати. Кој ќе одговора? – пишува во првиот пост, додека во вториот Ника напиша…

 

– Почивајте во мир. Господ ве чува – напиша Ника Тошиќ со емотикони на скршено срце и бела птица.

 

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.
Се вчитува....