05:30 - 14 ноември, 2026

Вкусно и здраво: Кои масла се најдобар избор за пржење на омилената храна

Во секојдневната подготовка на храна најчесто избирате масла богати со полинезаситени и мононезаситени како и омега-3 масни киселини, а ги избегнувате маслата богати со трансмасти. Иако маслиновото масло е најпознато во категоријата здрави производи, тоа не е добро за пржење храна, бидејќи нема висока точка на чадење, па загорува и ги испушта слободните радикали. Затоа е добро за подготовка на ладни јадења, исто како и маслото од тиква. Некои други видови се подобри за пржење, а меѓу нив е и „озлогласената“ свинска маст.

Сончогледово масло – при еден експеримент спроведен на британски институт, при загревање на маслото откриено е дека ослободува штетни алдехиди, кои научниците ги поврзуваат со зголемен ризик од појава на болести на срцето и рак. Билните масла како сончогледовото, отпуштаат повеќе алдехиди од, на пример, свинската маст или путерот, па затоа е едно од полошите масла за пржење и не смее да се користи повеќепати.

Свинска маст – иако со години се смета за нездрав производ, таа е одличен извор на масти кои на телото му даваат енергија, содржи здрави масни киселини добри за срцето и не дебелее повеќе од здравите масла – како маслиновото. Има висока отпорност при загревање, па затоа добро е да се користи за пржење на храната при што нема да ги уништите нејзините хранливи вредности.

Кокосово масло – досега е познато дека кокосовото масло е здрава алтернатива бидејќи е богат извор на заситени масни киселини, кои остануваат непроменети при пржење. Кокосовото масло лесно се преработува во организмот и оди директно во црниот дроб, се претвора во енергија и го забрзува метаболизмот, така што доаѓа до брзо согорување на калориите наместо складирање на мастите и дебелеење.

Палмино масло – многу е квалитетно и богато со природни витамини А и Е. Тоа како и кокосовото масло има висока точка на чадење, па е пригодно за пржење и динстање.

Масло од авокадо – богато е со фитонутриенти и тешко оксидира, што значи дека е погодно за обработка на високи температури. Содржи околу 70 отсто монозаситени масти, лутеин, витамин Е и калиум.

Масло од репка – 15 грама масло до репка содржи 134,5 калории и 14,9 масти, од кои 1 грам се незаситени. Со загревање не губи од квалитетот, ниту се создаваат штетни соединенија, па е одличен избор за пржење. Најдобро е да се користи нерафинирано масло од репка.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....