3.8 C
Скопје
09:23 - 21 декември, 2024

ВИЕНСКИ БАЛ во Скопје: 22-то издание во знак на хуманост, танц и музика на 13 мај

На 13-ти мај, 2023 (сабота) во хотел ,,Александар Палас“- Скопје традиционално, по 22-ви пат, ќе се одржи Виенскиот Бал, под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.
И оваа година Виенскиот Бал ќе се одржи во ексклузивниот амбиент на Хотелот Александар Палас.
Гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена. Кој не умее да игра валцер, има шанса да заигра на звуците на светски евергрини и македонски хит рефрени.
И годинава, Виенскиот Бал во Скопје има хуманитарна димензија. Секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот.
Елена Лука како долгогодишен пријател и поддржувач, ќе ја збогати програмата на годинешниот Виенски бал со ексклузивна модна изложба на десетина (или десет) луксузни, „Haute couture“ креации кои го носат духот на вистинскиот гламур и престиж на манифестацијата.
Гостите кои ќе бидат присутни ќе имаат уникатна можност одблиску да се запознаат со уметноста што нашиот етаблиран моден бренд ја создава и ја интерпретира во своите авангардни дизајни, кои ќе бидат изложени како автентични модни дела и со сиот свој луксуз ќе ѝ дадат посебен сјај на оваа вечер.
Дополнително Елена Лука за гостите на балот како специјален подарок обезбедува ваучери со 30% попуст на нивните уникатни креации, во знак на почит и пријателство кон сите присутни кои ја разбираат вредноста на авангардниот моден израз на брендот.
Заедно со Елена Лука ве очекува ексклузивно модно и музичко уживање, во духот на Виенскиот бал.
Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат врвни уметници: – оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска – ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија) Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска. – танчери на Танцовиот клуб Прима Данца Врачар плесна школа (Белград,Република Србија) – Свингерси – и вокалните солисти: Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, Водител на Балот е Вера Мештеровиќ. (За накитот, се задолжени Филеви, ,а вечерниот фустан е креација на Елена Лука).
На Виенскиот Бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – смокинг, темно одело или униформа. Виенскиот Бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село.

Слични објави

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо
Се вчитува....