5.8 C
Скопје
01:40 - 1 април, 2026

Вие добро го познавате: Данијела Мартиновиќ му откри на Жаре со кого се бакнала за првпат (ВИДЕО)

Во весело издание какво што од неа се очекува, Данијела Мартиновиќ ќе ја гледаме во Еден на Еден кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.

– Сите ме знаат како весела и зборлеста, и поради тоа не ме сфаќаат сериозно“, му рече хрватската поп-ѕвезда на Жаре и затоа се обиде да се претстави во едно поинкаво светло.

Зборуваше за нејзините две авторски книги, за скокот со падобран, за тоа колку била срамежлива како дете и темпераментна како тинејџерка, за својата сегашна љубов Петар Грашо, и за својата прва љубов.

Фото: Промо

– Се срамев да одам до трафика само затоа што продавачот беше маж“, откри Данијела и раскажа за својот прв бакнеж, и тоа со Бајага. Но, не вистинскиот Бајага.

– Тогаш Бајага беше тотално ултра популарен. Имаше еден тип кој го викаа Бајага, беше ист Бајага, ама ист! Висок онака, згоден, убав. Јас ѝ велам на пријателката, ќе морам да си го фатам него! И јас си го фатив и се бакнав со Бајага“, му рече Данијела на Жаре.

За публиката во студио, таа испеа три нејзини песни во живо со Гуру Харе бенд, како генерална проба за скопскот концерт на 14 февруари.

Во линкот подолу, погледнете една од приказните на Данијела:

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....