14:56 - 1 април, 2026

(Видео) Внуката на Чкаља ја загрижи јавноста со видеото: По смртта на својот татко, нејзиното здравје се влоши

Чедомир Петровиќ, син на легендарниот актер Миодраг Петровиќ Чкаља, почина на 14 јули на 76-годишна возраст, а неговата ќерка сега одлучи да проговори и да ги сподели своите чувства.

Внуката на Чкаља, Јована Петровиќ, сподели емотивно видео на социјалната мрежа ТикТок, преку кое искрено ја изрази својата тага по загубата на нејзиниот татко.

 

@dzovancica♬ original sound – Jovana Petrovic glumica


Во видеото, низ солзи можете да слушнете колку ѝ е тешко.

„Дали сум физички добро? Не сум. Дали сум ментално добро? Исто така не сум. Дали сум духовно добро? Не“, рекла таа, а коментарите за поддршка само се нижеле.

Инаку, Чедомир Петровиќ се занимаваше со глума и режија, но 20 години не беше во таа работа, туку пишуваше книги и колумни.

Српскиот актер, режисер и сценарист Чедомир Петровиќ почина на 76-годишна возраст.

Петровиќ дипломирал глума во 1973 година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, а играл на сцените на Народниот театар, Ателје 212 и Југословенскиот драмски театар.

На телевизија се појави во сериите „Театар во домот“, „Отпишаните“, „Топол ветер“, „Подобар живот“ и други, а играл и во филмовите „Мирисот на полски цвеќиња“, „Др“ и други. Бил режисер и сценарист на филмот „Рускиот цар“ (1993) и на серијата „Некои чудни луѓе“ (2009).

Тој е син на прочуениот комичар и актер Миодраг Петровиќ Чкаља (1924–2003), Чедомир Петровиќ беше татко на актерката Јована Петровиќ.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....