12.8 C
Скопје
18:10 - 3 април, 2026

(ВИДЕО) ТАМАРА ТОДЕВСКА: Сонувам за свет без насилство врз жени и девојчиња – Насилството може и мора да се сопре!

тамара тодевскa

Насилството врз жените има многу долга историја, иако инцидентите и интензитетот на ваквото насилство се разликуваат со текот на времето, па дури и денес се разликуваат меѓу општествата. На ваквото насилство честопати се гледа како механизам за потчинување на жените, без разлика дали се мисли за општеството воопшто или за меѓучовечки однос. Ваквото насилство може да произлезе од чувството на супериорност, мизогинија, право да се изврши таков акт или слични ставови на сторителот или неговата насилна природа, особено врз жените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Тамара Тодевска со последната објава на својот инстаграм – профил го привлече вниманието на јавноста. Нашата позната пејачка го повиши својот моќен глас за теми за кои долго се молчеше. Објавата на Тодевска е со цел да се стави крај на родово базираното насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

„Сонувам за свет без насилство врз жени и девојчиња. Насилството може и мора да се сопре, а само заедно можеме да го постигнеме тоа. Да зборуваме отворено, да зборуваме гласно, да не молчиме и да не траеме. Да ставиме крај на родово базираното насилство, сега!“

Насилството врз жените, познато и како родово засновано насилство и сексуално и родово насилство, се насилни дејства првенствено или исклучиво извршени врз жени и девојчиња. Ваквото насилство честопати се смета за облик на злосторство од омраза, извршено врз жени или девојчиња, специјално затоа што се жени, и може да има различни форми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Декларацијата на ООН за елиминација на насилството врз жените вели дека „насилството врз жените е манифестација на историски нееднакви односи на моќ меѓу мажите и жените“ и „насилството врз жените е еден од клучните социјални механизми со кои жените се принудени на подредена позиција во споредба со мажите.“

Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, во извештајот објавен во 2006 година објавен на мрежната страница на Фондот за жени на Обединетите нации, изјавил:

„Насилството врз жени и девојчиња е проблем со пандемски размери. Најмалку една од три жени ширум светот е претепана, присилена на секс или на друг начин злоупотребена во текот на животот со насилникот, обично некој што и бил познат“, пишува википедија.

Слични објави

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.
Се вчитува....