9.8 C
Скопје
02:15 - 17 мај, 2026

(Видео) Светот се простува од Халид: Над 15.000 луѓе пееја и плачеа во Сараево

Од легендарниот пејач и голем човек, Халид Бешлиќ, се простуваат луѓе ширум светот, од Сараево, преку Белград и Загреб, до Париз, Доха и Мелбурн. Повеќе од 15.000 луѓе се собраа пред Вечниот оган во Сараево, каде што денес беше поставена бина, за последен пат да му оддадат почит на саканиот Халид Бешлиќ.

Меѓу првите што се обратија на собирот, околу 17 часот, беше и Драган Стојковиќ – Босанац, по него зборуваше и актерот Енис Бешлагиќ, кој ја испеа една од омилените песни на Халид „Во мене е есен“.

Со истата песна, како и со хитот „Романија“, од Халид се простија и граѓаните на Белград, кои се собраа во Скадарлија, исто така околу 17 часот.

Публиката заеднички ја испеа и песната „Годино врела“, дует со Дино Мерлин, објавена оваа година.

На бината кај Вечниот оган зборуваше и Дражен Жериќ – Жера:

„Ова е тоа што Халид го сакаше да се љубиме и да се сакаме. Тој беше нашата светлина. Помладите треба да продолжат по нашиот пат.“

Од легендарниот пејач и прекрасен човек се простува целиот свет. Во Босна и Херцеговина, организирани се собири во градовите Бања Лука, Градачац, Оџак, Орашје, Горажде, Бихаќ, Тузла и Ливно.

Меѓу градовите од регионот и светот кои му оддадоа почит се: Белград, Нови Сад, Подгорица, Загреб, Копер, Љубљана, Пореч, Осиек, Париз, Франкфурт, Минхен, Берлин, Торонто, Сиднеј, Доха и Мелбурн.

Сè започна по повикот од актерот Енис Бешлагиќ, кој порача дека треба да го славиме сето она што Халид ни го остави во аманет.

„Тоа се песните со кои не задолжи, со кои се венчававме, плачевме, славевме и кои ќе продолжиме да ги слушаме. Недела во 17 часот ,повик до сите организации да најдат некое мало плоштадче и таму да го направат своето. Да се испраќаат слики, видеа –тоа е еден начин на благодарност, да се види низ светот, да се запраша некој: ’Луѓе, кој е починат?‘, да се запраша некој во Америка, некој во далечна Австралија: ’Кој бил тој човек?‘ – за таа приказна да продолжи. Затоа што над сè тој беше човек. Ова е промоција на човечноста, љубовта за она за што се залагам“, изјави Бешлагиќ.

Слични објави

Дара убедливо триумфираше на Евровизија: „Бангаранга“ ја крена Европа на нозе

Т.Ц.

Зошто легендарната „Принцеза“ не замина на Евровизија: „Југословенскиот клуч“ ја чинеше победа

Еспресо

Каде би се одржала Евровизија ако победи Австралија?

Т.Ц.

„Оваа песна е за да го разбудиш внатрешниот оган и да не се плашиш од него“ – моќна порака на финските претставници на Евровизија 2026

Т.Ц.

По критиките од публиката, „Лавина“ направи промени во настапот пред вечерашното финале на Евровизија

Е.А.

„Бангаранга е покана, а не закана“: Евровизиската претставничка на Бугарија ќе внесе позитивен хаос на Евровизија

Т.Ц.
Се вчитува....