16.8 C
Скопје
20:42 - 1 октомври, 2026

(Видео) Српската пејачка гостинка на забавата на „Вог“ во Париз! Диди Џеј се појави во скапоцен фустан, а само да ѝ ги видите очилата!

Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, пејачката која гради кариера во Америка, изминативе денови гостуваше на Модната недела во Париз каде организираше сопствена забава за повеќе од 300 гости, а синоќа беше гостинка на забавата во организација на најпрестижниот светски моден магазин „Вог“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DIDI J (@didijofficial)


Дијана објави видео од престижната забава на која присуствувале познати светски ѕвезди, а особено важни јавни личности во Париз.

Пејачката на оваа забава се појавила во црн фустан на модниот бренд „Баленсијага“, а најголемо внимание привлекле нејзините очила кои се дело на француски дизајнер и се специјално направени токму за Диди. Сето тоа го надополнила со скапоцена чанта на „Ермес“ , модел „мини Кели“, направена од крокодилска кожа, а ова парче кое Диди го понесе со себе воодушеви многу дами.

– Добив покана директно од „Вог“ да се појавам на нивната забава и привлеков најголемо внимание  со мојот стајлинг. Освен мене, гости се бројни познати личности од Париз, уредници на списанија и многу други – рекла Диди Џеј за српски „Информер“.

 

 

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива од 20-тите — Калтрина Круезиу во раскошно бело издание на гала во Скопје

К.С.

(Фото) Јаков Јозиновиќ го прослави 21. роденден: доби емотивно изненадување

apostolova

(Фото) Адријана Алачки остана без фризер пред снимање, па Анета Љумаковска ја спаси ситуацијата: „Ете што е вистински колега“

К.С.

Тереза Кесовија одложи два концерти поради здравствени проблеми: „Ќе дадам сè од себе да закрепнам“

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо
Се вчитува....