7.8 C
Скопје
19:34 - 10 март, 2026

(Видео) Сергеј Трифуновиќ објави видео од станот, го снимила непозната жена: Целосно го сменил имиџот, вака актерот изгледа по скандалот со сопругата

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ пред неколку дена ја пријави сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, потоа беше осудена на парична казна бидејќи незаконски престојувала во Србија, со оглед на тоа што е државјанка на Хрватска.

Сергеј сега објави видео на својот инстаграм-профил и ја покажа промената што ја направил на себе. Имено, Сергеј пред неколку дена беше фотографиран со разбушавена коса и брада, а сега актерот се залижал, се избричил и го покажал своето ново издание.

Тој во видеото зборувал и за теоријата на заговор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergej Trifunović (@whistler_dick)


Што се случува со неговиот однос со Исидора сè уште не е познато. Исидора се врати во заедничкиот стан, а потоа Сергеј објави фотографии од Исидора во вид на мим на својот профил за да се пошегува.

Да потсетиме, актерот на секој начин се труди да го реши проблемот со сопругата, а исто така нема мир од повиците на пријателите. Тој по ред на сите им објаснува што се случило ноќта во станот и зошто бил принуден да ја пријави жената кај властите.

– Кој мене ме „шиша“ затоа што сакав помлада жена? Е, можев да се оженам со која што сакам. Но, јас многу ја сакам. Ете, ја сакам и ќе ја сакам само неа. Но, не сум, како да ви кажам, за играње. Само глупости, другар, само глупости. И овие што стојат со часови пред мојата зграда, сето тоа е поради неа. Не можам да си ги испеглам г…..а, сега пеглам двојни г…а. Морам да го заборавам ова што е можно поскоро. Добро, реши ми го тоа и одиме понатаму – рекол, меѓу другото, актерот во телефонскиот разговор со својот пријател чие име и презиме ѝ се познати на редакцијата на српски „Курир“.

 

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....